Во периодот од 28.09-04.10.2019 не се регистрирани нови случаи на мали сипаници.

Заклучно со 04.10.2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители.

Сеуште е во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга -165,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 63 години. Најголем број на заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9%), а највисока инциденца од 1.399,1/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година.

Според вакциналниот статус, 1.529 (80,5%) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

 

Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.

Во 39-та недела во државата вакцинирани се вкупно 216 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 39.433.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.275 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

 

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни болести

ИЈЗ Скопје

04.10.2019