Одделението ги спроведува следните активности:
- следење и проучување здравствено-едукативна дејност на здравствените установи од областа на здравствена статистика и давање стручно-методолошка помош за унапредување на истата;
- развивање и усовршување на методологијата и учествување во изработката на научно-истражувачки проекти;
- изготвување на извештаи, информации, анализи и специфични програми за одделни приоритетни здравствени проблеми;
- учествување во изработка на публикации и определување на сет на публикации кои ќе се издаваат во печатена и електронска форма;
- вршење дисеминација на податоците преку едукација и информација;
- спроведување на истражувања за задоволството на корисниците на публикациите и информациите;
- воведување на календар за навремено публикување на информации и податоци;
- соработување со државни и меѓународни институции и хуманитарни организации за прашања од областа на здравствената едукација;
- учествување во работата на разни комисии и стручни тела за прашања од областа на здравствена едукација преку свои стручни мислења и сугестии;