Секторот за здравствена екологија при Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија:

  • Ја координира, стручно контролира и насочува работата на санитарно-хигиенската дејност во 10 Центри за јавно здравје во Република Северна  Македонија;
  • Носител е на изготвувањето и имплементацијата на стратешките документи и акциони планови во областа на здравствената екологија, безбедноста на храната и исхраната
  • Ги координира активностите за изготвување национални прописи и прилагодување кон меѓународбните прописи од областа на здравствената екологија
  • Изготвува доктринарни ставови во методолошкиот пристап и начинот на евалуација на извршените мерки и активности во санитарно-хигиенската дејност;
  • Врз основа на спроведени истражувања и добиените податоци од Центрите за јавно здравје, врши мониторинг и дава оценка на здравствено-еколошкиот ризик од одредени фактори во животната средина;
  • Ги идентификува приоритетните проблеми и потенцијални ризични состојби по здравјето на ниво на Републиката и го известува Министерството за здравство.

Одделенија во Секторот се:

  • Одделение за здравствена безбедностна храна
  • Одделение за безбедност на вода и санитација на животна средина
  • Одделение физиологија и мониторингна исхрана
  • Одделение за кодекс алиментариус и информативно тело на СПС-СТО
  • Одделение за општа здравствена екотоксикологија
  • Одделение за медицина на труд и проценка на здравствени ризици
  • Одделение за санитарни прегледи