Со почетокот на 40-тата недела од 2021 година, започнува и следењето на грипот/ заболувањата слични на грип на неделно ниво. Согласно законската регулатива, пријавувањето на грип се врши седмодневно од четириесеттата недела од тековната година до дваесеттата недела следната година, по возрасни групи на Збирна пријава на заболени/ умрени од грип.

 

Во текот на 40-тата недела од 2021 година (од 04-10.10.2021), во Република Северна Македонија не се пријавени случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона и просекот.

 

Во текот на 40-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнаа 2 материјали за лабораториско тестирање на грип од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19 и истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.

 

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Првиот извештај за состојбата со грип во Европскиот Регион на почетокот на новата сезона 2020/2021 (40 недела) ќе биде презентиран во наредниот извештај.

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за периодот од 21-39-та недела 2021 година, активноста на вирусот на грип е на меѓусезонско ниво, карактеристично за овој период од годината. Се регистрира зголемена детекција на Influenza A(H3) од сентинел и редовниот надзор. Од земјите кои пријавуваат податоци за RSV, во 19 е забележана невообичаена активност за овој период од годината.

 

 

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје