Payday Loans
  • Македонски (Macedonian)
  • Shqip(Shqiperia)
  • English (United Kingdom)
  • Институт за јавно здравје на РМ
  • Институт за јавно здравје на РМ
  • Институт за јавно здравје на РМ

Пребарување
Body Mass Index
Висина

Тежина


Има 133 гости присутни
Почетна Извештаи Извештаи за болести Дијабет (Шеќерна болест) ДИЈАБЕТ (ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ)

PostHeaderIcon ДИЈАБЕТ (ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ)

Светскиот ден за борба против дијабетесот претставува ден за подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и можните начини за превенција од појава на шеќерна болест. Овој ден се одржува по иницијатива на Итернационалната Федерација против Дијабет и СЗО и се одржува на 14 ноември секоја година. Се слави на таа дата, бидејќи тогаш се родил Frederick Banting, кој заедно со Charles Best, го откриле инсулинот во 1933 година.

Шеќерната болест е хронично заболување кое се појавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Хипергликемијата или покаченото ниво на шеќер во крвта е честа компликација од неконтрoлираниот дијабет, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува сериозни оштетувања на телесните органи, поготово на нервниот систем и крвните садови.

Постојат три типови на дијабес и тоа се:

1. Тип 1 дијабетес

2. Тип 2 дијабетес

3. Гестациски дијабет

Предијабетес е состојба во која индивидуалци имаат покачен шеќер во крвта, но сепак не можат да се вбројат во класата на дијабетичари. Овие луѓе имаат зголемeн ризик за појава на дијабет тип 2, срцеви заболувања и мозочен удар.

Во тек на подолг временски период шеќерната болест:

• Го зголемува ризикот за појава на срцев удар и мозочен удар. 50% од луѓето кои имаат дијaбет умираат од кардиоваскуларни болести. Во периодот од 2005-2008 година, кај луѓето со дијабет на возраст од 20 години или повеќе, направена е студија од СЗО и утврдено е дека 67% од нив имале висок крвен притисок;

  • Во комбинација со намален проток на крвта, предизвикува појава на улцери на стапалата, а во најлош случај и смрт;
  • Предизвикува дијабетична ретинопатија, која е една од водечките причини за појава на слепило;
  • Спаѓа меѓу водечките причини за дисфунција на бубрезите, од која умираат 10- 20% од луѓето со дијабет;
  • Предизвикува неуропатија, односно оштетување на нервите;
  • Предизвикува воспаление на непцата и парадонтопатија;
  • Целокупниот ризик за морталитет кај луѓето со дијабет е два пати поголем, отколку кај луѓето кои немаат дијабет.

Според податоците од СЗО, 346 милиони луѓе во светот умираат од дијабет. Во 2004 година, 3.4 милиони луѓе умреле од последиците кои ги носи високото ниво на шеќер во крвта. Повеќе од 80% од смртните случаи со дијабет се случуваат во земјите со низок и среден приход. Според СЗО, смртните случаи од дијабет, двојно ќе се зголемат во периодот од 2005 до 2030 година.

Според податоците од Регистарот за дијабет во Р. Македонија (Извор:Институт за јавно здравје,Скопје) во 2006 година вкупниот број на регистрирани нови случаи од шеќерна болест бил 1522, од кои што 692 мажи и 830 жени. За истата година, вкупниот број на регистрирани лица заболени од дијабет изнесувал 29 122, од кои што 11 916 мажи и 17 806 жени.

Препораки:

За намалување на ризикот од појава на дијабет треба да се практикува здрава исхрана (повеќе овошје и зеленчук, намалување на внес на шеќери и сатурирани масти), редовна физичка активност (најмалку 30 мин. на ден), одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун (бидејќи го зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни болести). Доколку луѓето имаат сознанија дека некој во нивната фамилија имал дијабет, треба да одат на редовни контроли за мерење на шеќерот во крвта.

Кај луѓето кои имаат дијабет се препорачуваат истите овие мерки, но и употреба на инсулин или апчиња и диета, со кои ќе го намалат нивото на шеќер во крвта, посета на едукации каде ќе научат правилна употреба на апаратчињата за мерење на глукоза во крвта. Многу луѓе кои имаат дијабет, во комбинација со терапијата против истиот, треба да користат и лекови за контрола на холестеролот и крвниот притисок.

Референци:

  1. Републички завод за здравствена заштита - Скопје. Регистар за шеќерна болест. Републички завод за здравствена заштита - Скопје, 2006
  2. Институт за Јавно Здравје. Здравје и здравствената заштита на населението на Република Македонија. Институт за Јавно Здравје, Скопје, 2010
  3. CDC. Diabetes. Available from URL: http://www.cdc.gov/diabetes/pubs/pdf/ndfs_2011.pdf
  4. WHO. Diabetes. Available from URL: http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs312/en/index.html
 
Анкети
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер