Payday Loans
  • Македонски (Macedonian)
  • Shqip(Shqiperia)
  • English (United Kingdom)
  • Институт за јавно здравје на РМ
  • Институт за јавно здравје на РМ
  • Институт за јавно здравје на РМ

Пребарување
Body Mass Index
Висина

Тежина


Има 18 гости присутни

PostHeaderIcon Истражувањето за исхрана во Македонија во 2011 година

Истражувањето за исхрана во Македонија во 2011 година е стратифицирана репрезентативна (за целата држава) анкета изведена во секој од осумте административни региони во Македонија (вардарски, источен, јужен, западен, југоисточен, пелагониски, полошки, североисточен, Скопје) за нутритивниот статус на деца на возраст 6-59 месеци и небремени жени во репродуктивна возраст (15-49 години). Нутритивниот статус во оваа анкета е мерен со антропометрија (потхранетост и преухранетост) и состојба со слабокрвност (анемија), конкретно концентрација на хемоглобин. Целта на анкетата е да се дадат најнови информации за нутритивниот статус на жените и децата во Македонија. Извештајот особено се осврнува на застапеноста на анемијата со цел да се понудат докази за поддршка и да се изготви Акционен План за надминување на состојбата. Извештајот нуди и информации за потрошувачката на леб и навики на исхрана, а ги истражува и заднинските проблеми со исхрана во целата замја. Теренската работа се изведе во период од пет месеци во текот на 2010 и 2011 година.

Здруженијата на специјалисти по хигиена, хематологија, педијатрија и перинатална медицина во април 2012 година имаа заеднички состанок кој имаше за цел синхронизација на мерки и активности за подобрување на превенцијата, суплиментацијата и терапијата со микронутритивни дефицити кај децата до 5 годишна возраст и бремените жени, преку:

Прелагање на ефикасни јавно-здравствените интервенции за превенција и контрола на анемии и микронутритивни дефицити:

Усвојување и потврдување на упатствата за суплементација и збогатување на храната кај жени во репродуктивен период и деца до 5 години од Светска здравствена организација, како и:

Досегашни искуства и практики во Република Македонија во однос на програми за суплементација и потреба од нивно ажурирање

Вовед во работната верзија на акционен план за исхрана и чекори за негова финализација, како и давање предлози од професионалните здруженија

 

korica_hrana_mk korica_hrana_en

 
Анкети
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер