Во врска со актуелната појава на болеста африканска чума кај свињите во некои Европски земји, Институтот за јавно здравје ја известува јавноста дека ова е вирусно заболување кај свињите, кое не носи ризик по јавното здравје, односно луѓето не заболуваат бидејќи не се приемчиви за вирусот кој ја предизвикува болеста.
Повеќе информации за заболувањето и неговото значење и импакт можете да најдете на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство, на следниот линк: