30 јануари 2020

Вториот состанок на Комитетот за вонредни состојби свикан од генералниот директор на СЗО при Меѓународниот здравствен правилник (МЗП) (2005) во врска со епидемијата на нов коронавирус (2019-nCoV) во Народна Република Кина, со пренос во други земји, се одржа во четвртокот, 30 јануари 2020 година, од 13:30 до 18:35 часот во Женева. Улогата на Комитетот е да дава совети на Генералниот директор, кој ја донесува конечната одлука за утврдување на јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународно значење (PHEIC). Комитетот исто така дава јавно-здравствени совети или предлага формални привремени препораки.

На својот прв состанок, Комитетот изрази различни ставови за тоа дали овој настан претставува PHEIC или не. Во тоа време, советот беше на став дека настанот не претставува PHEIC, но членовите на Комитетот се согласија за итноста на ситуацијата и предложија Комитетот да го продолжи состанокот следниот ден, кога го донесе истиот заклучок.

Оваа втора средба се одржува со оглед на значително зголемување на бројот на случаи и дополнителни земји кои известуваат за потврдени случаи.

Заклучоци и совети

Комитетот го поздрави лидерството и политичката посветеност на највисоко ниво на кинеската влада, нивната посветеност и транспарентност и напорите направени да се испита и да се задржи тековната епидемија. Кина брзо го идентификуваше вирусот и ја сподели секвенцата, така што другите земји можеа да го дијагностицираат брзо и да се заштитат, што резултираше со брз развој на дијагностички алатки.

Многу силните мерки што земјата ги презеде вклучуваат секојдневен контакт со СЗО и сеопфатни мулти-секторски пристапи за да се спречи понатамошно ширење. Преземени се јавно-здравствени мерки и во други градови и провинции; спроведува студии за сериозноста и преносливоста на вирусот и споделување податоци и биолошки материјал. Земјата исто така се согласи да работи со други земји на кои им е потребна поддршка. Мерките што Кина ги презеде се добри не само за таа земја, туку и за остатокот од светот. Комитетот ја препозна водечката улога на СЗО и нејзините партнери.

 

Комитетот, исто така, препозна дека сè уште има многу непознати, случаи се пријавени во пет региони на СЗО за еден месец, а трансмисија од човек на човек е регистрирана и надвор од Вухан и надвор од Кина.

 

Комитетот смета дека сè уште е можно да се прекине ширењето на вирусот, под услов земјите да воведат силни мерки за рано откривање на болести, изолирање и лекување на случаи, трагање на контакти и промоција на мерки за социјална дистанца (да нема непотребно собирање на многу луѓе на едно место) сразмерни со ризикот.

 

Важно е да се напомене дека како што ситуацијата продолжува да се развива, така и стратешките цели и мерки за спречување и намалување на ширењето на инфекцијата се ажурираат. Комитетот се согласи дека епидемијата сега ги исполнува критериумите за јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународно значење и предложи да се издадат следниве совети како привремени препораки.

Комитетот истакна дека објавувањето на PHEIC треба да се гледа во духот на поддршка на Кина, нејзиниот народ и дејствијата што Кина ги презема. Во согласност со потребата од глобална солидарност, Комитетот сметаше дека е потребен глобален координиран напор за зајакнување на подготвеноста во другите региони во светот за кои можеби ќе треба дополнителна поддршка.

Совети за СЗО

Комитетот ја поздрави претстојната мултидисциплинарна техничка мисија на СЗО во Кина, вклучително и националните и локални експерти. Мисијата треба да ги разгледа и да ги поддржи напорите за истражување на животинскиот извор на епидемијата, клиничкиот спектар на болеста и сериозноста, степенот на трансмисија од човек на човек во заедницата и во здравствените установи и напорите за контрола на епидемијата. Оваа мисија ќе му обезбеди на меѓународната заедница информации за да помогне во разбирањето на ситуацијата и нејзиното влијание и да овозможи споделување искуства и превземање на успешни мерки.

Комитетот посака повторно да ја потенцира важноста на проучување на можниот извор, да се исклучи скриена трансмисија и да се информираат мерките за управување со ризикот.

Комитетот исто така ја истакна потребата за засилен надзор во регионите надвор од Хубеи, вклучувајќи геномско секвенционирање, за да разбере дали се случуваат локални циклуси на трансмисија.

СЗО треба да продолжи да ги користи своите мрежи на технички експерти за да ги процени можностите да оваа епидемија е контролирана на глобално ниво.

СЗО треба да обезбеди засилена поддршка за подготовка и одговор, особено во ранливите земји и региони.

Треба да се развијат мерки за да се обезбеди брз развој и пристап до потенцијални вакцини, дијагностика, антивирусни лекови и друга терапија за земјите со низок и среден приход.

СЗО треба да продолжи да ја обезбедува целата неопходна техничка и оперативна поддршка за да одговори на оваа епидемија, вклучително и со нејзините широки мрежи на партнери и институции што соработуваат, со цел спроведување на сеопфатна стратегија за комуникација на ризикот и да овозможи напредување во истражувањето и научните случувања во однос на овој нов коронавирус.

СЗО треба да продолжи да ја истражува препорачливоста за создавање на интермедиерно ниво на предупредување, на начин на кој не се бара повторно отворање на преговорите за текстот на МЗП (2005).

СЗО треба навремено да ја разгледа ситуацијата со транспарентност и да ги ажурира препораките засновани врз докази.

Комитетот не препорачува ограничување на патувањето или трговијата врз основ на тековните достапни информации.

Генералниот директор изјави дека епидемијата на 2019-nCoV претставува јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународно значење (PHEIC) и ги прифати советите на Комитетот и го издаде овој совет како Привремени препораки во рамките на МЗП.

За НР Кина

Да се продолжи со:

  • Спроведување на сеопфатна стратегија за комуникација на ризикот за редовно информирање на населението за еволуцијата на епидемијата, мерките за превенција и заштита на населението и преземените мерки за одговор за нејзино задржување.
  • Засилување на јавно-здравствените мерки за задржување на тековната епидемија.
  • Обезбедување на еластичност на здравствениот систем и заштита на здравјето на здравствените работници.
  • Подобрување на надзорот и активното наоѓање на случаи низ Кина.
  • Соработката со СЗО и партнерите за да се спроведат истраги за подобро разберање на епидемиологијата и еволуцијата на оваа епидемија и мерките за нејзино спречување.
  • Споделувајте релевантни податоци за хуманите случаи.
  • Продолжете да го идентификувате анималниот извор на епидемијата, а особено потенцијалот за циркулација, со СЗО веднаш штом ќе стане достапен.
  • Спроведување на скрининг на излез на меѓународните аеродроми и пристаништа, со цел рано откривање на симптоматските патници за понатамошно оценување и лекување, при истовремено минимизирање на мешањето во меѓународниот сообраќај.

 

 

 

За сите земји

Се очекува понатамошнo меѓународно зголемување на бројот на случаи и појави во која било земја. Затоа, сите земји треба да бидат подготвени за ограничување, вклучително и активен надзор, рано откривање, изолирање и управување со случаи, следење на контакти и спречување на натамошно ширење на 2019-nCoV и сподемлување на целосни податоци со СЗО.

Земјите се потсетуваат дека се правно обврзани да споделуваат информации со СЗО според МЗП.

Секое откривање на 2019-nCoV кај животно (вклучително и информации за видот, дијагностички тестови и релевантни епидемиолошки информации) треба да се пријави во Светската организација за здравје на животните (OIE) како нова болест.

Земјите треба да стават посебен акцент на намалување на инфекција кај луѓето, спречување на секундарно пренесување и меѓународно ширење и да придонесат во меѓународнииот одговор преку мулти-секторска комуникација и активно учество во зголемување на знаењето за вирусот и болеста.

Комитетот не препорачува ограничување на патувањето или трговијата врз основ на тековните достапни информации.

Земјите мора да го информираат СЗО за сите преземени мерки за патување, согласно МЗП. Земјите да се претпазливи против дејствија што промовираат стигма или дискриминација, во согласност со принципите на член 3 од МЗП.

Комитетот побара од генералниот директор да даде дополнителни совети за овие прашања и, доколку е потребно, да даде нови препораки со оглед развојот на ситуацијата.

До глобалната заедница

Бидејќи ова е нов коронавирус, а претходно беше покажано дека слични коронавируси бараа значителни напори за да се овозможи редовно споделување на информации и истражувања, глобалната заедница треба да продолжи да демонстрира солидарност и соработка, во согласност со член 44 од МЗП (2005), во взаемна поддршка за идентификација на изворот на овој нов вирус, неговиот целосен потенцијал за пренесување од човек на човек, подготвеност за потенцијално импортирање на случаи и истражување за развој на потребен третман.

Да се обезбеди поддршка на земјите со ниски и средни приходи за да овозможат нивна реакција на овој настан, како и да го олеснат пристапот до дијагностика, потенцијални вакцини и терапија.

 

 

Според член 43 од МЗП, државите потписнички кои спроведуваат дополнителни здравствени мерки што значително се мешаат во меѓународниот сообраќај (одбивање на влез или излез на меѓународни патници, багаж, контејнери, пренесувачи, стоки и слично, или нивно одложување за повеќе од 24 часа) се должни да испратат образложение за оправданоста до СЗО во рок од 48 часа од нивното спроведување. СЗО ќе ја разгледа оправданоста и може да побара од земјите да ги преиспитаат своите мерки. СЗО се бара да ги сподели со другите држави потписнички информациите.

Комитетот за вонредни состојби ќе се состане повторно во рок од три месеци или порано, по барање на генералниот директор.

Генералниот директор се заблагодари на Комитетот за својата работа.

 

Извор:

https://www.who.int/news-room/detail/30-01-2020-statement-on-the-second-meeting-of-the-international-health-regulations-(2005)-emergency-committee-regarding-the-outbreak-of-novel-coronavirus-(2019-ncov)