Со техничка и финансиска помош на Светска здравствена организација Министерството за здравство на Република Македонија во моментот е на Студиска посета на Министерството за здравство на Германија.
Студиската посета беше организирана за размена на искуствата помеѓу Република Македонија и Туркменистан од една страна и Германија како земја членка на Европска Унија која има големо искуство и капацитети посветени за имплементација на одредбите од МЗП.
Студиската посета беше организирана со цел да се унапреди процесот на имплементација на МЗП кој захтева освен зајакнување на хуманите ресурси, туку и на лабораториските капацитетите и назначување на официјални влезни места, што од своја страна има и фискални импликации.
Од Република Македонија Студискиот тим се состои од:
1. М-р Јовица Андовски, Заменик министер, Министерство за здравство
2. Ас. д-р Шабан Мемети, Национален фокал поинт, Директор на ИЈЗРМ
3. Прим. д-р Јованка Костовска, Раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита, Фокал поинт од МЗ
4. Проф. д-р Михаил Кочубовски, Раководител на Сектор за здравствена екологија
5. Прим. д-р Жарко Караџовски, Началник на Оддел за тропски и карантински, ХИВ СИДА и сексуално-преносливи заболувања
6. М-р Маргарита Спасеновска, СЗО Канцеларија Скопје

За време на состанокот беа разменети структурата за известување при појава на јавно-здравствен настан од меѓународно значење до СЗО МЗП.
Како јавно-здравствен настан од меѓународно значење се подразбираат биолошките, хемиските и радиолошките здравствени ризици.
Министерството за здравство на Германија ги презентираше нивните искуства и предизвици во спроведувањето на МЗП и нагласија дека МЗ е само еден од чинителите заедно со другите министерства и институции со Национален фокал поинт кој не припаѓа во здравствениот сектор. Во 2013 година е донесен закон за имплементација на МЗП кој ги координира постојните институции, и е како чадор регулатива за другите закони и не ги заменува. Неговата цел е да ги координира известувањата од другите релевантни министерства и институции до СЗО МЗП.
Прим. д-р Јованка Костовска ја прикажа состојбата со законската регулатива во РМ, како и институциите кои се одговорни за имплементација на МЗП. Како проблем го насочи дека тоа дека Министерството за здравство иако ги спроведе потребните мерки и активности, сепак заради интересекторскиот пристап не е во можност во потполност да ги спроведе сите потребни активности и е потребно процесот да се подигне на повисоко ниво кое би било координирано од Владата на РМ. Се работи на Акционен план за имплементација со развој на протоколи, зајакнување на лабораториските капацитети и воспоставување на влезни места за кои треба технички, кадровски и инфраструктурни зајакнувања што води кон финансиски импликации.
Претставниците од Туркменистан ја презентираа состојбата со имплементацијата на МЗП. Министерството за здравство заедно со Министерството за финансии имаат подготвено план со буџет за итни состојби. Во МЗ е воспоставена Работна група од здравствени работници за одговор при биолошки ризици.
Беше развиена дискусија за интерсекторскиот пристап особено при инциденти со јонизирачко зрачење каде што главната улога ја имаат други институции.
Од наша страна беше побарано да ни се достави англиска верзија на законот за имплементација на Германија кој претставува интересен пристап за решавање на интерстекторското извстување до СЗО МЗП.
Проф. д-р Михаил Кочубовски презентираше за хемиските и радиолошките ризици од меѓународно значење.
Прим. д-р Жарко Караџовски ги претстави биолошките ризици и начинот на известување до СЗО МЗП.

ЛИНК СЗО