
Мирот како фактор да го зачуваме здравјето
Војните имаaт големо влијание за појава на многу социјално медицински проблеми и за влошување на здравствената состојба на населението, бидејќи здравствената состојба на населението драстично се променува, односно се влошува погодувајќи го населението во целина, без исклучоци. На сложените феномени какви што се: здравјето, појавата на болести, нејзиниот тек и исход , разликите во временската и територијална дистрибуција на болестите, дејствуваат многу фактори.
Територијата на Република Македонија во моментов ја чувствува бегалската криза односно граѓанската војна која веќе две години ја пустоши Сириската Арапска Република. Истата веќе одамна е влезена во фаза во која ниту една од завојуваните сили повеќе нема обзир за вредноста на човечкиот живот.
Бегалците најчесто само транзитираат низ Р.Македонија, но на терен Црвениот крст во соработка со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и други партнери и поддржувачи е вклучен со седум мобилни тима кои ги обезбедуваат двата гранични премини, во Гевгелија и во Табановце. Тимовите се составени од лекари и членови на Црвениот крст кои одлично ја познаваат првата помош и ја имаат контролата во свои раце. Мобилните тимови се на терен 24 часа.
Основна цел на превентивната медицина е унапредување на здравјето, спречување појава и развој на болести, а за време на војна потребни се големи напори и контролирање на здравствената состојба на населението постојано.
И во мировновременски услови подготовките за војна допринесуваат до влошување на состојбата од повеќе аспекти, големите издатоци за наоружување имаат силен одраз на економската состојба, животниот стандард, исхраната, а со тоа и последици по здравствената состојба на населението.
Секоја година Меѓународниот ден на мирот се одбележува во целиот свет, на
21 септември. Генералното собрание го прогласи овој ден, за ден посветен на зајакнување на идеалите на мир, меѓу сите народи и народности.
Овогодинешната тема е “Партнерство за мир – достоинство за сите”, која има за цел да ја истакне важноста на сите сегменти на општеството да работат заедно за да се залагаат за мир. Работата на Обединетите нации не би била можна без првичните партнерства кои биле активни во неговото создавање и илјадници партнерства секоја година помеѓу владите, граѓанското општество, приватниот сектор, религиозните групи и други невладини организации, кои се потребни за поддршка на Организацијата во остварувањето на своите идни цели.
Во 2001 година, Генералното собрание едногласно ја усвои резолуцијата 55 / 282, со која се прогласува 21 септември како ден на ненасилството и прекин на огнот.
“Ги повикувам сите завојуваните страни да го положат оружјето и да го поддржат глобалниот прекин на огнот. Да им кажам: Стоп за убиствата и уништување и да се создаде простор за траен мир! “.
изјава на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун