- Одржување на резултатите постигнати со ерадикација на маларија преку превземање на епидемиолошки мерки за спречување на внесување и ширење на маларија во Република Северна Македонија.
- Континуирано следење на епидемиолошката состојба со маларија во светот и со други тропски и карантински заболувања преку неделните извештаи на СЗО.
- Истите мерки се спроведуваат и кај сите лица кои патуваат во земјите каде маларијата се регистрира во ендемска форма.
Спроведени мерки и активности за спречување на внесување и сузбивање на колера
Мерките за спречување на внесување и сузбивање на колерата, во Република Северна Македонија континуирано се спроведуваа преку:
- следење на движењето на колерата во светот, а посебно во земјите каде таа се регистрира секоја година во ендемски размери, како и во земјите со кои нашата земја одржува тесни економски, културни и други врски;
- проучување на сите фактори кои можат да делуваат на појавата и ширењето на колерата;
- епидемиолошко испитување, извидување и епидемиолошки надзор на загрозените подрачја во републиката;
- организација на испитување на контактите и суспектните лица на колера;
- предлог мерки за отстранување на условите и нехигиенските состојби кои условуваат појава и ширење на колерата;
- редовно следење на седмодневните епидемиолошки часописи и билтени на СЗО, за состојбата со овие заболувања во светот и за мерките и активностите што ги спроведуваше светската заедница за решавање на овој проблем.
- Во текот на целата година, лабораторијата за дијагностика на колера при Републичкиот завод за здравствена заштита е во приправна состојба.
Програма за заштита на населението од СИДА во Република Северна Македонија
Програмата за заштита на населението во Република Северна Македонија од Синдромот на стекнат недостаток на имунитет – СИДА се спроведува преку:
- Пружање на стручно – методолошка помош на територијата на Р. Северна Македонија со давање стручни упатства, толкување на препораките на СЗО и вршење стручен епидемиолошки надзор во здравствените установи.
Мерките и активностите предвидени со Програмата интензивно и континуирано се спроведуваа во текот на целата година и тоа особено во поглед на:
- Изготвување на Годишен Извештај за спроведување на Програмата за заштита на населението од СИДА во претходната година.
- Изготвување на Програмата за заштита на населението од СИДА за следната година;
- Изготвување на стручно упатство од страна на Институтот за јавно здравје за одржување на здравствено воспитни предавања на теренот, движење на ХИВ/СИДА во Светски рамки, по повод 1-ви Декември, Светски ден на борба против СИДА – та;
- Спроведување на континуиран епидемиолошки надзор во Центрите за јавно здравје во Републиката.
- Посета на ХИВ позитивни и болни лица на Клиниката за Инфективни болест и фебрилни состојби, при што се контактира со истите во врска со превенција од понатамошно ширење на ХИВ инфекцијата;
- Одржување предавања на повеќе Семинари и едукации на здравствени работници за спроведување на активности од страна на Глобален Фонд при Министерството за здравство во текот на календарската година.
- Кореспонденција со заводите за здравствена заштита со цел давање појаснувања на епидемиолошката служба на теренот во врска со реализација на Програмата.
- Во текот на годината се водат разговори со поединци и групи во врска со превенција на ширењето на СИДА;
- Интрахоспиталните инфекции (ИХИ) претставуваат секое клинички манифестно заболување од инфективна етиологија, поврзано со медицинското згрижување на населението (хоспитализација, амбулантно-поликлиничка помош или профилактички мерки) независно од времето на појавата на симптомите пред, за време, или по пружената помош.
- Нивната појава се доведува во непосредна врска со медицинските постапки при дијагностички истражувања, лекување, пружање на здравствена нега, рехабилитација, но и други постапки во здравствената дејност.
- Тие претставуваат се пораспространета појава која бара спроведување на систематска и континуирана дејност, како од страна на болничката служба, така и испитување и контрола од страна на епидемиолошката и микробиолошката дејност.
- Медицинското и економското значење на интрахоспиталните инфекции се огледа пред се во неповолното влијание на текот и исходот на основната болест на хоспитализираниот болен, во загрозувањето на здравјето и животот на болниот и персоналот кој работи покрај него, во компромитирањето на извршените медицински интервенции, продолжениот боравок во болниците и зголемување на трошоците на лекувањето.
- Во врска со спроведување на надзорот врз појавата на ИХИ, се изготвува Годишен Извештај (табеларен и графички приказ) за секоја година, во кој се нотирани активностите на заводите за здравствена заштита во делот на спроведување на Првентивната дејност на својата територија.
АЛЕРТ (EWARN) – Систем за рано откривање и надзор над заразните заболувања со посебен осврт на рано откривање на епидемии
Надзор над Интрахоспиталните инфекции
Началник на одделението за ХИВ/СИДА и СПИ, тропски и карантински болести:
- Прим. Д-р Жарко Караџовски – специјалист епидемиолог
- Д-р Владимир Микиќ – истражувач