ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на петтата недела од 2017 година, во Република Македонија пријавени се 563 (I=27,2/100.000) новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што претставува намалување од 53,0% во споредба со минатата недела кога беа пријавени 1.199 случаи.

Вкупниот број на пријавени случаи оваа недела одговара на многу ниско ниво на интензитет согласно МЕМ моделот за одредување на интензитет на активноста на грип (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2016, сезона 2015/2016 и сезона 2016/2017

Графикон 1

Оваа недела, најголем број заболени (n=90) е регистриран на територијата на ЦЈЗ Охрид, следат ЦЈЗ Прилеп (n=62), ЦЈЗ Струмица (n=45) и ЦЈЗ Куманово (n=41).

Највисока инциденца од 160,4/100.000 е пријавена од подрачјето на ЦЈЗ Охрид, и ПЕ Пехчево 140,2/100.000, каде што единствено се регистрира средна активност на инфлуенца вирусот. Според инциденцата на 100.000 жители, ниска активност се регистрира на територија на 10 ЦЈЗ/ПЕ, а во 15 ЦЈЗ/ПЕ активноста е на многу ниско (вон-сезонско) ниво. Во ПЕ Делчево,  ПЕ Крива Паланка, ПЕ Неготино и ПЕ Демир Хисар не е регистриран случај (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 5 недела 2017

Картограм 1

Како и во претходната, така и во петата недела од 2017 најголем број заболени (n=415) односно 73,7% од сите случаи се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, што е незначителна промена од претходната недела (74,3%). Во пријавените случаи од 5-та недела, лицата над 65 години учествуваат со 12,6% (n=71),  децата од 5-14 години со 8,4% (n=55), а со најмал процент – децата на возраст од 0-4 години  (3,9%;  n=22).

Највисока специфична инциденца од 28,4/100.000 жители е регистрирана кај лицата на возраст од 15-64 години, инциденцата кај лицата постари од 65 години изнесува 27,1/100.000, кај децата на возраст од 5-14 години неделната инциденца е 23,8/100.000 жители, а најниска инциденца се регистрира кај  децата на возраст од 0-4 години – 18,9/100.000 жители.

Во однос на претходната недела бројот на регистрирани случаи и инциденцата бележи приближно двојно намалување кај сите возрасни групи (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на случаите на сезонски грип по возрасни групи – инциденца на 100.000 жители, сезона 2016/2017

 Графикон 2

 

Кумулативни податоци

Во сезоната 2016/2017, вкупниот број на заболени од грип заклучно со 5-та недела изнесува 33.497 со кумулативна инциденца од 1.618,9 на 100.000 жители.

Во оваа сезона, сите Центри за јавно здравје и Подрачни единици пријавиле случаи на грип/заболувања слични на грип.

Најголем кумулативен број на заболени се регистрирани во регионот на ЦЈЗ Скопје (n=4.511; 13,5%), ЦЈЗ Струмица (n=3.166; 9,5%) и ПЕ Кавадарци (n=2.937; 8,8%) (Графикон 3).

Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во ПЕ Кавадарци (I=6.824,8/100.000), ПЕ Свети Николе (I=5.660,1/100.000) и ЦЈЗ Струмица (I=3.342,5/100.000) (Графикон 3).

Досега оваа сезона се пријавени два смртни случаи асоцирани со грип.

Графикон 3.  Дистрибуција на случаите сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и инциденца на 100.000 жители, сезона 2016/2017

 Графикон 3

Според дистрибуција по месеци на заболените на грип/заболувања слични на грип,  во  октомври се регистрирани 0,5% или 171 случај, во ноември – 1,6% (532 случаи), во декември се регистрирани 15.073 случаи или 45,0%, a  највисок број се регистрира во јануари -17.158 случаи или 51,2% од вкупниот број на случаи во сезоната. Во првата недела од февруари се регистрирани 563 случаи (1,7%).

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 23.025 случаи (68,7%), а најголема кумулативна инциденца од 1.939,9 на 100.000 жители се регистрира кај школските деца на возраст од 5-14 години и децата на возраст од 0-4 години (1.885,7/100.000), каде што кумулативно се регистрирани 4.490, односно соодветно 2.191 случаи. Кај лицата над 65-годишна возраст, кумулативниот број е 3.791, со инциденца 1.446,2 на 100.000 жители (Графикон 5).

Графикон 4.  Дистрибуција на случаите сезонски грип по возрасни групи, кумулативно за сезона 2016/2017

 Графикон 4

 

 

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на 5-тата недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, тестирани се 9 примероци на присуство на вирусот на грип,  еден добиен преку надзорот над ИЛИ/ АРИ, и 8 добиени од редовниот надзор над заразни болести. Од вкупниот број примероци оваа недела еден (11,1%) е позитивен за присуство на вирусот на грип, субтипизиран како A/H3 вирус.

Кумулативно во сезоната 2016/2017, во оваа лабораторија тестирани се вкупно 142 биолошки материјали од рутинскиот и сентинел надзорот – од амбулантски и болнички лекувани пациенти, од кои 57 (40,1%) се позитивни за присуство на вирусот на грип и тоа 54 – Influenza A/H3, 2 се нетипизирани Influenza A вируси и еден е Influenza B вирус (Графикон 6).

Графикон 5. Неделна дистрибуција на број и процент на позитивни примероци на грип 2016/2017

 Графикон 5

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата со вакцина против сезонски грип во Македонија е започната од 43 недела, 2016. Согласно пристигнатите извештаи од страна на ЦЈЗ/ПЕ вакцинирани се вкупно 26.665 лица и потрошени се 99,9% од вкупно набавените вакцини.

Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 15.324 лица или 57,5%. На возраст од 30-64 години, вакцинирани се 10.001 лица или 37,5%, додека на возраст од 5-29 години се вакцинирани вкупно 661 лица или 2,5%. Од возрасната група деца под 5-годишна возраст, вакцинирани се 10 лица. Од категоријата на здравствени работници, вакцина против грип примиле 613 лица или 2,3%. Нема вакцинирани бремени жени.

Од вкупниот број вакцинирани, 17.908 или 67,2% се со историја на хронично/и заболување/а

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР:

Епидемиолошките податоци за бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип и лабораториски потврдените случаи на грип укажуваат на ран почеток на сезоната со пик на активноста во кон крајот на декември 2016 и првата половина од јануари 2017 година.

Оваа недела, само на територија на два ЦЈЗ/ПЕ се регистрира средна активност,  во останатиот дел од земјата активноста на вирусот на грип е на ниско или многу ниско ниво, што говори во прилог на многу ниска и локализирана активност на инфлуенца вирусот. 

Бројот на случаи во 5 недела како и локализираната географска активност укажува на намалување на интензитетот на грип. Сепак, сезоната на грип е сеуште активна, па во претстојниот период до 20 недела од 2017, не може да се исклучи евентуално нов бран на зголемување на бројот на заболени, но со помал интензитет.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (4 недела/2017) за состојбата со грип во сезоната 2016/2017 во Европа, најголем број од земјите пријавуваат стабилен или тренд на намалување на активноста.

Процентот на позитивно тестирани примероци од сентинел надзорот оваа недела е 51% што е на ниво на претходната недела и периодот од 51 недела 2016. Најголемиот процент (95%) на примероци се инфлуенца А, а од нив 97% се А/H3N2.

Меѓу хоспитализираните лица предоминираат лицата постари од 65 години.

Кај поголем дел од 18-те земји кои водат статистика за вишок на смртни случаи, се регистрира зголемен број на смртни случаи кај возрасната популација од 15-64 години и кај лицата постари од 65 години, што најверојатно се должи на циркулацијата на А(H3N2) вирусот.

Достигнувањето на прагот во 46-тата недела е најрано по пандемската 2009/2010 сезона, а во претходните 5 сезони било во периодот од 48-та до 51-ва недела.

Досега предоминира инфлуенца А типот (96%), а 99% од вирусите се субтипизирани како А (H3N2). Минатата сезона во овој период предоминраше вирусот A(H1N1)pdm09.

Во сезона во која доминира активноста на А(H3N2), се очекува да се најзафатени постарите возрасни групи.

Засега, циркулирачкиот А (H3N2) вирус е антигенетски сличен со сојот што е вклучен во вакцината, иако две третини од изолираните соеви оваа сезона припаѓаат на различна субкласа.

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје