Со почетокот на 40-тата недела од 2019 година, започнува и следењето на грипот/ заболувањата слични на грип на неделно ниво. Согласно законската регулатива, пријавувањето на грип се врши седмодневно од четириесеттата недела од тековната година до дваесеттата недела следната година, по возрасни групи на Збирна пријава на заболени/ умрени од грип.

 

Во текот на 40-тата недела од 2019 година (од 30.09.2019 – 06.10.2019), во Република Северна Македонија пријавени се 4 (I=0,2/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона и просекот.

Заболени од грип се пријавени од ЦЈЗ Штип (n=2) и ЦЈЗ Тетово (n=2).

Во однос на возрасната дистрибуција, две лица од заболените се од возрасната група од 15-64 години и по едно лице е регистрирано од возрасните групи од 0-4 години и од 15-64 години.

 

Во текот на 40-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ нема пристигнати материјали за лабораториско тестирање на грип.

 

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Првиот извештај за состојбата со грип во Европскиот Регион на почетокот на новата сезона 2019/2020 (40 недела) ќе биде презентиран во наредниот извештај.

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за периодот од 21-39-та недела 2019 година, активноста на вирусот на грип е на ниско сезонско ниво. Во овој период, <1% (11 позитивни од 1.584 примероци) од тестираните се позитивни за присуство на инфлуенца вирусот. Најголем дел од позитивните примероци (9 од 11) се Influenza A virus.

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје