Секоја година го одбележуваме Светскиот ден за борба против туберкулоза (ТБ) на 24 март за да ја подигнеме јавната свест за катастрофалните здравствени, социјални и економски последици од ТБ и да ги засилиме напорите за ставање крај на глобалната епидемија од туберкулоза. Датумот го означува денот во 1982 година кога Др Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата која предизвикува ТБ со што се отвори патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.
Туберкулозата и понатаму останува смртоносен убиец во светот. Секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се превенира и излекува.
Глобалните напори за борба против ТБ спасија околу 58 милиони животи од 2000 до 2018 година.
Оваа година темата за Светскиот ден за борба против ТБ гласи: “ВРЕМЕ Е” – се потенцира итноста на дејствување според обврските превземени од глобалните лидери:
► Да се измери пристапот до превенција и третман;
► Промовирање еднакви права за сите и одговори поврзани со туберкулозата;
► Обезбедување на одржливо и доволно финансирање, вклучително и за истражувања;
► Да се промовира крај на стигмата и дискриминацијата;
► Да се изгради одговорност.
Светската здравствена организација (СЗО) започна заедничка иницијатива со Глобалниот фонд и Стоп ТБ партнерите под мотото: “Пронајди.Третирај.Сите. # Крај за ТБ #! “(Find. Treat. All. #EndTB”) со цел да се забрза со навремено делување против ТБ и да се обезбеди пристап до нега, во согласност со целокупните глобални СЗО препораки за универзална здравствена покриеност.
Овој Светски ден на ТБ, СЗО ги повикува, владите, ранливите заедници, граѓански организации, даватели на здравствени услуги и националните и меѓународните партнери да ги обединат силите под исто мото: “Пронајди.Третирај.Сите. # Крај за ТБ #! “(Find. Treat. All. #EndTB”) за да сме сигурни дека никој не е изоставен.
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА! ВРЕМЕ Е ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТУБЕРКУЛОЗАТА.
Туберкулозата (ТБ) е предизвикана од бактеријата (Mycobacterium tuberculosis) која најчесто влијае на белите дробови. Туберкулозата се шири од човек на човек по воздушен пат, кога луѓето со ТБ кашлаат, киваат или плукаат тие исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено. Околу една четвртина од светската популација има латентна ТБ, што значи дека луѓето биле заразени со ТБ бактерии но сеуште не се заболени од оваа болест и неможат да ја пренесат истата.
Луѓето заразени со ТБ имаат 5-15% поголем ризик да заболат од туберкулоза. Лицата со компромитиран имунолошки систем, како што се лица кои живеат со ХИВ инфекција, неухранетост или дијабет или пак луѓе кои консумираат тутун имаат поголем ризик од заболување.
Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како ( треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесни- непрепознатливи неколку месеци. Ова може да доведе до доцна нега и да резултира со пренесување на бактериите на други луѓе. Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година. Без соодветен третман, 45% од ХИВ негативните лица со ТБ во просек и скоро сите лица со позитивни ХИВ наод ќе резултираат со смртен исход.
Глобалното влијание на ТБ
Туберкулозата се јавува во секој дел од светот во 2018 година најголем број на новозаболени случаи на ТБ има во регионот на Југоисточна Азија со 44% на новите случаи, проследено во африканскиот регион со 24% на новозаболени случаи и Западен Пацифик со 18%.
Во 2018 година 87% од новите случаи на ТБ ги има во 30 земјите со висок процент на товар на болест од ТБ. Осум земји учествуваат со две третини од новите случаи на ТБ: Индија, Пакистан, Кина, Индонезија, Филипини, Нигерија, Бангладеш и Јужна Африка.
Состојба во Република Северна Македонија
Во 2013 година во Република Северна Македонија рeгистрирана е преваленца на активна туберкулоза од 20,8 на 100 000 жители или 428 случаи. Во 2019 година во Република Северна Македонија рeгистрирана е преваленца на активна туберкулоза од 10,4 на 100 000 жители или 215 регистрирани случаи. Овие бројки се помали од превалeнцата во 2010 година, која изнесувала 29,8 болни на 100 000 жители. Во континуитет имаме постојано намалување на вкупниот број на болни од туберкулоза за анализираниот период 2010-2019 година и стапката на преваленца, покажува тренд на постојано опаѓање. (Дијаграм1)
Преваленца на 100 000 жители во Република Северна Македонија 2010-2019 година
Во 2019 година во Република Северна Македонија рeгистрирана е инциденца на активна туберкулоза од 9,6 на 100 000 жители или 161 ново заболени лица, додека во 2013 година инциденцата изнесува 15,7 на 100 000 жители или 323 новозаболени лица од туберкулоза.
Во анализираниот период 2010-2019 година, стапката на инциденца, исто како и стапката на преваленца покажува тренд на опаѓање. Р.С.Македонија се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца од земјите во европскиот регион. (Дијаграм2)
Инциденца на 100 000 жители во Република Северна Македонија 2010-2019 година
Во последните години во Република Северна Македонија бележиме подобрување на епидемиолошката состојба со туберкулозата. Но, социјално економската состојба поради невработеноста, сиромаштијата, стигмата, големиот број на хронични незаразни болести се фактори кои придонесуваат проблемот со туберкулозата во Република Северна Македонија и натаму да перзистира. Ова наметнува потреба од постојана активност од надлежните институции одговорни за контрола на болеста.
Со цел за што поуспешна контрола на туберкулозата во Република Северна Македонија, намалување на ризикот од ширење на инфекцијата, особено онаа предизвикана од резистентни соеви на Mycobacterium tuberculosis, спречување на коинфекција меѓу туберкулозата со ХИВ инфекцијата, неопходно е да се превземат сите расположиви превентивни мерки кои придонесуваат за рано откривање и спречување на болеста. Сепак најдобра превентивна мерка е правилно и навремено лекување на секој болен од туберкулоза со што се прекинува ланецот на ширење на инфекцијата.
постер – Време е за одговорност – PDF
Да се стави крај на туберкулозата до 2030, потребна е политичка волја, финансиски ресурси, мултисекторски ангажман. Одговорноста гарантира дека сме на добар пат да ја постигнеме оваа цел.
https://www.who.int/images/default-source/who-campaigns/world-tb-day-2020/v2-media-tiles-08.png?sfvrsn=38954271_2