• Активности:

    Одделението изведува:

    – испитување стерилност кај готови лекови и медицински помагала кои се  декларирани како стерилни (техника на мембран-филтрација и директна метода, Ph. Eur. 2.6.1);

    – испитување микробиолошка чистота на не-стерилни производи согласно Ph. Eur. (5.1.4.-1 и -2) како што се суровини за производство на  лекови, готови лекови за орална, локална и ректална примена, хербални препарати, примарна амбалажа како што се капсули, Al/PVC-фолии, стаклени шишиња, пластични флакони, капалки, алвеоли за супозитории и др. (Ph. Eur., 2.6.12, 2.6.13.);

    – испитување  бактериолошка чистота на козметички производи (Сл. весник на РМ бр. 94/10).

    Покрај наведените активности се изведува стручна проценка на доставена фармацевтско-хемиска и биолошка документација со цел добивање на одобрение за ставање на лекот во промет, обнова на одобрението за ставање на лекот во промет, пријава на варијација и др.