• го следи и проучува системот на финансирање на здравствена дејност и предлага мерки за негово унапредување;
  • врши анализа на материјално-финансиската состојба на здравството (Фондот за здравствено осигурување и здравствените организации);
  • врши анализа на расходите за здравствена заштита во јавниот и приватниот сектор, по дејности;
  • го следи и анализира чинењето на одделните здравствени услуги дефинирани со основниот пакет на услуги;
  • ги следи и анализира здравствените индикатори за потрошувачката во здравството;
  • врши евалуација на функционалната активност и искористеноста на здравствената служба;
  • избира, припрема и анализира демографски и други показатели за оценка на потребите и барањето на населението за одделни видови на здравствена заштита (по дефинирани групи на население);
  • учествува во унапредувањето на методологијата и изборот на податоците за економска анализа на здравствената заштита на населението;
  • учествува во подготовката и реализацијата на стручни и научни проекти од областа на организацијата, економиката и информатиката во здравството;
  • обезбедува стручно-методолошка помош на здравствените организации, од областа на социјалната медицина и економиката во здравството;
  • изведува едукација и стручно усовршување на медицинските и други кадри од различни профили, од областа на економиката во здравството.

Лице за контакт: Прим .д-р Владо Спиркоски, локал 125