- ја следи здравствената состојба на сите вулнерабилни групи (деца, жени, адолесценти, младина, лица со хендикеп, мигранти и стари лица).
- предлага мерки за решавање на здравствените потреби на вулнерабилните групи
- врши научно-истражувачка дејност со цел за проценка на ризик од појава на болести на одделните вулнерабилни групи на локално, регионално и национално ниво;
- врши теренски посети за стручно-методолошка проценка на превентивните тимови и пунктови за вакцинација во Република Северна Македонија
- врши теренски посети за стручно-методолошка проценка на патронажна служба во Република Северна Македонија
- организира регионални работилници за проценка на капацитетите на превентивните тимови кои вршат систематски прегледи и имунизација
- организира работилници за родители во детските градинки и центри за ран детски развој со посебен акцент на ромските средини
- спроведува здравствено-воспитна дејност и едукација на семејствата во рурални средини и ромските заедници за детското здравје, вакцинации, безбедно мајчинство и адолесцентно здравје
- подготвува, печати и дистрибуира упатства за здравствените работници и брошури за радителите
- соработува со државни и меѓународни институции преку заеднички проектни и друг вид активности (учество во работни групи, комисии и сл.)