- 22.02.2024
Прв состанок за проектот “METROFOOD-RI Early Phase Implementation” “METROFOOD-RI Рана имплементирачка фаза”
На 1ви Јануари 2024 година Истражувачката инфраструктура METROFOOD-RI, официјално влезе во рана имплементирачка фаза со започнување на проектот METROFOOD EPI.
Состанокот се одржа во Фрејсинг, Германија на 24ти и 25ти Јануари 2024 година.
Мисијата на проектот е да се унапреди изградбата на инфраструктурата кон фаза на целосна имплементација и да се овозможи старт на оперативната фаза.
Проектот има четири цели кои ќе се достигнат со реципрочна и континуирана интеракција помеѓу партнерите и корисниците:
Ø поддршка на создавањето на правно тело кое ќе управува со истражувачката инфраструктура,
Ø техничката имплементација на инфраструктурата како сервисно ориентирана,
Ø консолидирање на својата позиционираност во европскиот профил и
Ø обезбедување долгорочна одржливост.
Постигнувањето на овие цели ќе им овозможи на нашите корисници (истражувачи, креатори на политики, инспекција и контролни лаборатории, земјоделско - прехранбени компании, потрошувачи и граѓани) да имаат пристап до широк опсег на услуги, најсовремени лаборатории, капацитети и истражување.