Одделение за козметологија

Одделение за козметологија, во рамките на Оддел за испитување и контрола на лекови

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за козметологија

Одделението врши испитување на квалитет и здравствена исправност на козметички производи согласно Законот за безбедност на козметички производи Сл.весник бр. 55/07, Регулативата 1223/2009, Листа на производи што се сметаат за козметички производи Сл.весник бр.156/2007; Листа на супстанции кои се користат при производство на козметички производи Сл.весник бр.89/2010; Листа на конзерванси чија употреба е дозволена во козметичките критериуми Сл.весник бр.89/2010; Правилник за содржината и начинот за означување на козметичките производи Сл.весник бр.98/2010;Правилник за критериумите за микробиолошка и хемиска чистота на козметичките производи и за методите за проверка на тиекритериумиСл.весник бр.94/2010 и Правилник за пуштање во промет на предмети од општаупотребаСл.весник 26/83.

Одделението потврдува соодветност на спецификација за квалитет и предвидена намена на производи за одржување на хигиена во домаќинството согласно следните законски прописи: Правилник за пуштање во промет на предмети од општаупотребаСл.весник 26/83; Правилник за податоците за содржината на детергентите кои треба да бидатнаведени на пакувањето, како и општите и посебните правила на означувањето на пакувањето на детергентите Сл.весник бр. 84/2011; Правилник за листата на податоци за содржината на детергентите Сл.весникбр. 84/2011, Наредба за забрана на производство, промет и употреба на детергенти за машинскоперење на текстилни производи со содржина на фосфор во органска или неорганска форма со над 0,5% тежински.

Одделението изведува анализи на барање на Државен санитарен и здравстен инспекторат и Државен пазарен инспекторат, како и пуштање во промет (издавање на сертификат за здравствена исправност) на производи од групата на козметички производи. 

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за козметологија

Контролата се врши на следните групи на производи:

  1. Средства за лична хигиена
  2. Средства наменети за хигиена и нега на доенчиња и мали деца
  3. Производи од групата на декоративна козметика
  4. Средства за хигиена во домаќинството
  5. Производи за професионална употреба
  6. Суровини за производство на козметички производи и производи од групата на средства за одржување на лична хигиена и хигиена во домаќинството.

Во Одделението се изведуваат следниве акредитирани методи:

  1. Потенциометриско определување на pH – вредност
  2. Определувањесодржина на слободниалкалии/киселини
  3. Определување на релативна густина
  4. Определување содржина на вкупни површинско активни материи
  5. Определување содржина на вкупни алкалии 

Контакт информации

Контакт лице: Дипл. фарм. Олга Ортакова,спец. по испитување и контрола на лекови

Контакт телефон:  02 312 50 44 лок. 19 / мобилен: +389 70 346 296

Електронска поштаolgakaramiha@yahoo.com