И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

з

а состојбата со мали сипаници во Република Северна Македонија

во 2018-2019 година, до 04.07.2019

 

Во периодот од 29.06 – 04.07.2019, пријавени се вкупно 13 нови случаи на мали сипаници.

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 5 случаи се од Скопје, а останатите 8 се од 5 други градови во С. Македонија – Куманово (4) и по еден случај од Гостивар, Кочани. Свети Николе и Велес.

Во тек на оваа недела најголем број на случаи (5) се на возраст над 30 години.

Според вакциналниот статус, 12 односно 92,3% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Согласно дополнително добиени резултати од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ и направената повторна класификација на пријавените случаи согласно дефиницијата на случај за мали сипаници, вкупниот број на случаи од декември 2018 заклучно со 04.07.2019, во Република Северна Македонија изнесува 1.844 случаи со стапка на заболување од 89,1 на 100.000 жители. Во понатамошниот дел од анализите не се земени во предвид отфрлените случаи и лицата со комплетна вакцинација за кои недостасува лабораториска потврда.

Во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од нив 961 случај има во Скопје, Куманово – 228, Тетово – 193, Струга – 112, Гостивар – 66, Кичево – 59, Велес – 53, Штип – 40, Охрид – 35, Дебар – 22, Гевгелија – 19,  Прилеп – 11, а во останатите градови се регистрираат по помалку од 10 случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга 165,1/100.000, Куманово 159,8/100.000 и Скопје 155,6/100.000 (Картограм 1).

Картограм 1. Географска дистрибуција на случаи на мали сипаници во Македонија,            

                        декември 2018 – јули 2019

мапа 26

 

Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години – 830 (45%), а вкупната стапка на заболување кај оваа возрасна група изнесува 65,2 на 100.000 жители. Највисока стапка од 1.347,7 заболени на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година, каде се пријавени 315 (17,1%) заболени. Кај децата на возраст од 1-4 години се регистрираат 272 случаи (14,8%) со стапка од  293,3 на 100.000 жители (Графикон 1).

 

Графикон 1.Дистрибуција на заболените од мали сипаници во Македонија според

возраст, декември 2018-јули 2019 (n=1.844)

 

picc

 

Според вакциналниот статус, 1.477 или 80,1% од заболените лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 315 (21,3%) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Од вкупно 272 заболени деца на возраст од 1-4 години, 87,1% се невакцинирани или со непознат вакцинален статус, а од 830 заболени кај лицата над 30 годишна возраст, 71,8% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од пријавените случаи, 825 или 44,8% биле хоспитализирани, а кај 287 (15,6%) се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации биле кај деца од 0-4 години (n=128; 44,6%), и тоа 73 (25,4%) – кај деца до една година и 55 (19,2%) – кај деца на возраст 1-4г, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на компликации.

Според резултатите добиени од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, во државата циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.

Од почетокот на епидемијата, во Скопје се вакцинирани 15.941 дете, додека во останатиот дел од државата се вакцинирани 16.173 деца на возраст до 14 години кои подлежат на вакцинација. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 32.114.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 5.726 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Сектор за контрола и превенција на заразни болести

ИЈЗ Скопје