СОСТОЈБА СО ГРИП ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,
СЕЗОНА 2018/2019
(41 недела, до 14.10.2018)

Во текот на 41-ва недела од 2018 година (од 08.10.2018 – 14.10.2018), во Република Македонија пријавени се 16 (I=0,8/100.000) нови случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Регистрирано е зголемување на бројот на заболени во однос на во минатата недела (n=3).
Во споредба со бројот на регистрирани случаи во 41-ва недела од минатата сезона (n=12), се бележи зголемување од 33,3%.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 19 (I=0,9/100.000), што е за 26,7% повеќе во споредба со истиот период минатата година кога биле регистрирани 15 заболени лица (I=0,7/100.000).
Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 5 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во ЦЈЗ Куманово – 6 заболени лица. Во ЦЈЗ Тетово се регистрирани 5 заболени лица, во ПЕ Кавадарци и ПЕ Свети Николе – по две заболени лица и во ЦЈЗ Штип – едно заболено лице.
Највисока инциденца се бележи во ПЕ Свети Николе од 9,8/100.000 жители, а најниска во ЦЈЗ Штип (1,9/100.000).
Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 7 случаи (43,8%), а највисока инциденца (1,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години, каде вкупно се пријавени 4 лица.

Од почетокот на сезоната 2018/2019, заклучно со 41-ва недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ не се пристигнати материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип.

Вакцинација против грип
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):
• бремени жени, во било кој стадиум од бременоста
• деца на возраст од 6 месеци до 5 години
• постари лица на возраст од 65 години и повеќе,
• лицата со хронични медицински состојби – хронични заболувања и состојби на намален имунитет
• здравствени работници.

Сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.
ЕВРОПСКИ РЕГИОН
Согласно презентираните информации на Flu News Europe за 40 недела од 2018 година (1-7 Октомври 2018), активноста на вирусот на инфлуенца во земјите од Европскиот Регион на СЗО е со низок интензитет, што е вообичаено за ова време од годината.
Само неколку земји пријавиле детекција на спорадични инфлуенца вирусни инфекции, преку редовниот и сентинел системот за надзор кај кои се докажани и инфлуенца А и инфлуенца Б вирусот.
Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања
Институт за јавно здравје