СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 15-21.02.2021
Тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000) (Табела 1).
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=445; 19,2%), 40-49 (n=442; 19,1%), 50-59 (n=413; 17,8%) и 20-29 (n=300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=107; 4,6%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.168 (50,3%) лица од женски и 1.152 (49,7%) од машки пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 21.02.2021, пријавени се вкупно 99.408 случаи на COVID-19 (I=4.804,2/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Струга и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).
Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 21.02.2021
Во половина од државата се забележува зголемување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, а позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Прилеп, Неготино, Штип, Пробиштип и Гевгелија (Табела 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 7.271,0 на 100.000 жители, Скопје (7.028,8/100.000) и Штип (6.847,9/100.000), а најниска инциденца со 2.250,6 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод (Табела 1, Картограм 2).
Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 50.575 машки и 48.833 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.879,3/100.000, а кај женските 4.728,9/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 23.586 (23,7%) со инциденца од 6.153,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 6.530,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (18.159 заболени). Најниска инциденца од 862,0 и 1.706,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.973 и 4.270 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=99.408)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.
Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). По континуираниот пад од 47-53та недела од 2020, се забележува стабилизација на трендот во последните 7 недели.
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 21.02.2021 (n=99.408)
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 661 лица (4,9% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 250 се на кислородна поддршка и 18 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 17.01.2021.
Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Регистрирани се 3.076 смртни случаи (Лт = 3,1%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=218) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.445) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 637,9/100.000 жители. Регистрирани се 1.927 смртни случаи кај лица од машки и 1.149 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.235 (83,0% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.757), дијабет (n=780) и белодробна болест (n=344). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 24 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 178 (5,5%) починале во вонболнички услови, а 2.898 (94,5%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 3. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, до 21.02.2021 (n=3.076)
Од 25.01.2020-07.02.2021 тестирани се вкупно 503.565 материјали (детектирани 99.408 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 243.365 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=503.565)*
*9 лица се лабораториски потврдени во странство
Според исходот од заболувањето, 6.590 лица (6,6%) се активни случаи, 89.742 случаи (90,3%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.595 (6,2%) биле хоспитализирани додека останатите 84.147 (93,8%) биле на домашно лекување.
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=99.408)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 2938 | 39500 | 975 | 43413 |
Куманово | 208 | 5043 | 202 | 5453 |
Тетово | 228 | 4901 | 216 | 5345 |
Прилеп | 473 | 4389 | 254 | 5116 |
Гостивар | 118 | 3441 | 172 | 3731 |
Штип | 95 | 3424 | 88 | 3607 |
Битола | 138 | 3077 | 151 | 3366 |
Велес | 212 | 3037 | 109 | 3358 |
Охрид | 382 | 2620 | 132 | 3134 |
Кавадарци | 454 | 2611 | 64 | 3129 |
Струмица | 156 | 2391 | 113 | 2660 |
Струга | 157 | 2046 | 155 | 2358 |
Кочани | 47 | 1693 | 45 | 1785 |
Кичево | 62 | 1635 | 62 | 1759 |
Гевгелија | 130 | 973 | 26 | 1129 |
Неготино | 129 | 971 | 21 | 1121 |
Свети Николе | 19 | 1066 | 15 | 1100 |
Ресен | 68 | 707 | 20 | 795 |
Дебар | 43 | 710 | 35 | 788 |
Крива Паланка | 51 | 699 | 35 | 785 |
Радовиш | 37 | 670 | 36 | 743 |
Делчево | 188 | 508 | 27 | 723 |
Берово | 27 | 586 | 21 | 634 |
Пробиштип | 21 | 494 | 15 | 530 |
Виница | 23 | 476 | 13 | 512 |
Валандово | 20 | 324 | 7 | 351 |
Кратово | 32 | 223 | 11 | 266 |
Демир Хисар | 12 | 240 | 7 | 259 |
Крушево | 48 | 186 | 19 | 253 |
Македонски Брод | 8 | 234 | 10 | 252 |
Богданци | 20 | 220 | 6 | 246 |
Демир Капија | 29 | 203 | 3 | 235 |
Македонска Каменица | 5 | 184 | 4 | 193 |
Пехчево | 3 | 176 | 5 | 184 |
Дојран | 9 | 84 | 2 | 95 |
ВКУПНО | 6.590 | 89.742 | 3.076 | 99.408 |
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 21.02.2021 (n=99.408)
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:
- Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.
Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво
Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.
- Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
- Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
- Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
- Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
- Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 16.02.2021
- Број на потврдени случаи на глобално ниво – 108.992 (2.726.974 во последни 7 дена, 16% помалку во споредба со претходна недела)
- Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.717 (81.340 во последни 7 дена, 10% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 228.712 (1.315.480 во последни 7 дена, 16% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 1.906 (44.385 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 36.529 (968.943 во последни 7 дена, 18% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 410 (28.404 во последни 7 дена, 19% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 13.211 (154.414 во последни 7 дена, 13% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 607 (2.340 во последни 7 дена, 9% помалку во споредба со претходна недела)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 5.998 (170.445 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 139.468 (519 во последни 7 дена, 9% помалку во споредба со претходна недела)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 2.431 (68.115 во последни 7 дена, 20% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 68.294 (558 во последни 7 дена, 21% помалку во споредба со претходна недела)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 1.366 (49.577 во последни 7 дена, 20% помалку во споредба со претходна недела)
- Смртни случаи – 27.019 (1.134 во последни 7 дена, 13% помалку во споредба со претходна недела)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
Скопје, 22.02.2021
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје
[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19