СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 24.04.2020

Тестирани се вкупно 728 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 41. Потврдените случаи се од 7 градови (Табела 1).

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 24.04.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 17 1
Куманово 8 0
Прилеп 8* 0
Тетово 4 0
Велес 2 0
Струга 1 0
Битола 1 0
Гостивар 0 1
Вкупно 41 2

 

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, 13 во возрасната група од 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 26 женски и 15 машки лица.

Хоспитализирани се 9 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 15 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 28 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 37 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се два смртни случаи. Се работи за машки лица на возраст од 25 и 36 години Скопје и Гостивар. Кај починатите лица биле присутни симптоми и коморбидитети и истите биле хоспитализирани. Немале историја на патување и не биле во контакт со веќе потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 24.04.2020, пријавени се вкупно 1.367 случаи на COVID-19 (I=66,1/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 27 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга  (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Леталитет
Вкупно 1.367 66.1 59 4.3%
Скопје 468 75.8 12 2.6%
Куманово 363 254.4 14 3.9%
Прилеп 139 145.8 4 2.9%
Тетово 73 36.5 4 5.5%
Велес 64 96.6 3 4.7%
Струга 62 91.4 12 19.4%
Дебар 51 183.8 4 7.8%
Штип 34 64.5 2 5.9%
Кочани 28 58.4 1 3.6%
Битола 19 18.6 0 0.0%
Охрид 15 26.7 0 0.0%
Гостивар 14 11.7 1 7.1%
Кавадарци 5 11.6 1 /
Крива Паланка 5 20.9 0 0.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0%
Неготино* 4 17.0 0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 33.3%
Струмица 2 2.1 0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0%
Пехчево 1 20.0 0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0%
Виница 1 5.1 0 0.0%

*две лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 254,4 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (145,8/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

kartogram 23.4

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 644 машки и 723 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 62,1/100.000, додека кај женските 70,0/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 289 (21,1%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 103,9/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 277 случаи со инциденца од 72,3/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 22,4 и 21,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години, каде се пријавени 56 и 50 случаи соодветно.

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.367)

graf 1 24

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.367)

graf 2 24

Од пријавените случаи, 21,4% (n=292) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,7%), кашлица (52,9%), малаксаност (34,5%), треска (19,2%), главоболка (16,6%), болка во грло (15,9%) и отежнато дишење (14,7%).

Кај 479 или 35,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 339 или 70,8% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 380 (27,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 259 лица имаат кардиоваскуларна болест, 81 со дијабет, 74 лица се со хронична белодробна болест, 17 со хронична бубрежна болест и 50 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 146 (50,0%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 226 (16,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 59 смртни случаи (Лт = 4,3%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=40) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 10,4/100.000 жители. Регистрирани се 42 смртни случаи кај лица од машки и 17 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 46 (78,0%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 96 (7,0%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 807 лица (59,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 24.04.2020 тестирани се вкупно 14.785 материјали (детектирани 1.367 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 7.145 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=14.785)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 14.785 1.367
ИЈЗ - Вирусологија 9.965 1.126
Ветеринарен Факултет (скрининг) 345 25
Авицена (скрининг) 342 25
Биотек (приватни) 680 31
Жан Митрев Клиника (приватни) 3231 153
Систина (приватни) 214 8
МАНУ 8 0

Според исходот од заболувањето, кај 934 лица (68,3%) се активни случаи, 374 случаи (27,4%) се водат ако оздравени (38 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 95 (25,4%) биле хоспитализирани додека останатите 279 (74,6%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по ЦЈЗ/ПЕ, Р.С. Македонија (n=1.367)

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 266 191 11 468
Куманово 327 22 14 363
Прилеп 110 25 4 139
Тетово 44 24 5 73
Велес 56 5 3 64
Струга 43 7 12 62
Дебар 1 46 4 51
Штип 13 19 2 34
Кочани 11 16 1 28
Битола 14 5 19
Охрид 13 2 15
Гостивар 11 2 1 14
Крива Паланка 4 1 5
Кавадарци 3 1 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 1 1 1 3
Струмица 2 2
Неготино 2 2
Кичево 2 2
Демир Капија 2 2
Пробиштип 1 1 2
Македонски Брод 2 2
Виница 1 1
Пехчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 934 374 59 1.367

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.

 

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, во викенди започнува од сабота од 15:00 до понеделник до 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 5:00 – 11:00, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот во деновите од понеделник до петок, а во сабота од 12:00 до 15:00 часот.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 24.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 2.626.321 (81.529 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 181.938 (6.260 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.284.216 (32.758 нови)
    • Смртни случаи – 116.523 (3.187 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 995.510 (38.108 нови)
    • Смртни случаи – 50.583 (2.787 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 149.295 (4.845 нови)
    • Смртни случаи – 6.608 (139 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 139.782 (1.880 нови)
    • Смртни случаи – 5.869 (51 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 38.572 (2.533 нови)
    • Смртни случаи – 1.554 (56 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 18.234 (1.405 нови)
    • Смртни случаи – 788 (40 нови)

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

Скопје, 25.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје