Секоја година на 26ти септември,Светскиот ден на контрацепција се обидува да ја подобри свесноста за методите на контрацепција и да им овозможи на жените и мажите да направат соодветен избор и да бидат добро информирани за нивното сексуално и репродуктивно здравје.

Во ова време на меѓународна криза и неизвесност од пандемијата COVID 19, сигурните услуги за сексуално здравје кои обезбедуваат низа информации и опции се поважни од кога и да е. 214 милиони девојчиња и жени имаат несакана бременост и немаат пристап до услуги и сретства за планирање на семејство.  Со пандемијата бројките уште повеќе се зголемуваат.

Употребата на модерни контрацептивни средства спречува околу 308 милиони несакани бремености секоја година.Околку 15 милиони адолесценти користат модерна контрацепција, додека 23 милиони немаат пристап до модерни контрацептивни средства и затоа се изложени на зголемен ризик од несакана бременост и  ризик од сексуално преносливи инфекции.Многу вработени од одделите за сексуално и репродуктивно здравје се пренасочени кон други медицински услуги. На девојките и жените кои живеат  во земјите каде мерките за ширење на пандемијата од COVID-19 вклучуваат и Lock- down ( полициски час, карантин) сериозно им е попречен пристапот до здравствени услуги.(1)

Услугите за планирање на семејство треба да бидат достапни во текот на цела епидемија. Медицинските критериуми за подобност за безбедна употреба на контрацептивни методи не се менуваат за време на епидемија. Некои контрацептивни средства можат да бидат безбедни и ефикасни и да се земат на своја рака без консултација од својот матичен лекар. Но сепак разговор со матичен гинеколог е корисен.Пошироката употреба на дигитални здравствени технологии и дирекниот пристап до  online аптека може многу да помогне за време на пандемија.(2)

Во тек на пандемија голем број на луѓе бараат помош, здравствениот систем може да биде оптоварен и јавниот ред може да биде загрозен. Влијанието на епидемијата врз репродуктивното здравје може да биде директен резултат на заразната болест или индиректна последица од притисоците на поширокиот здравствен систем, вклучувајќи ограничени ресурси, намалени резерви, намалена достапност на давателите на здравствена заштита, стравови од пренос на болести и заразување како и заблуди за безбедноста. Здравствената промоција на семејно планирање го подобрува физичкото и менталното здравје и го намалува морбидитетот и морталитетот кај мајките и доенчињата. Исто така  влијае и врз спречување на несакана бременост и небезбеден абортус. Несаканата бременост за време на епидемија е поврзана со зголемени ризици. Планирањето на семејство е живото-спасувачка и неопхода услуга и треба да биде достапна во тек на пандемијата.(3) Жените во репродуктивниот период редовно треба да разговараат за контрацепција со здравствен работник. Кога жена има здравствен проблем а размислува за бременост, таа треба редовно да разговара и да се советува со матичниот гинеколог.Гинекологот акушер успешно ја контролира хроничната состојба или хроничното заболување кај жената кое се дијагностицира пред или се појавило за време на бременоста. По породувањето, постпарталниот период е еден исто така важен период во кој потребно е да се дискутира за идните планови за следна бременост и заштита.

Во Република Северна Македонија од Извештајот на службата за здравствена заштита на жени при прикажаните гинеколошки посети се ординирани следниве контрацептивни средства:

 

Пријавени гинеколошки посети при кои се ординирани контрацептивни средства во Република Северна Македонија, 2007 и 2020 година

Извор: Институт за јавно здравје на РСМ, 2020

Бројот на посети кај гинеколог поради планирање на семејство во 2020 година бележи  драстично намалување, редуцирани посети  поради пандемијата со COVID-19. Поради тоа  индексот за гинеколошки посети во 2020-2017 е 23.5. Во временскиот период  2007 до 2020 се согледува значително намалени гинеколошки посети  при кои покрај други услуги, ординирани се и контрацептивни средства. Индексот 2020/2007 во врска со издавање на орални контрацептивни средства изнесува 37.4.

Потребна е континуирана едукација и промоција за заштитата на здравјето на жените и мажите. Поттик за контрола врз сопственото здравје, едукација за изборот на најсоодветна контрацепција за себе и за својот партнер. (4)

 

Денес постојат многу типови на заштита, контрацепција која е достапна и ефективна: кондом, женскиот кондом, таблети за контрацепција, спирала, вагинален прстен, таблети за итни случаи (итна контрацепција), инјектирање, лепенка за контрацепција, стерилизација и др.

 

За повеќе совети и препораки:  https://iph.mk

 

Користена литература:

1.World contraception day 2020- four perspectives, international federation of     gynaecology and obstetrics, Available at: https://www.figo.org/

  1. World contraception day 2021, History, significance ad Facts, Available at: https://parenting.firstcry.com/, September,4. 2020.
  2. Providing Family Planning Services During an Epidemic. Available at: fphandbook.org
  3. Институт за јавно здравје. Извештај на служба за здравствена заштита на жени. ИЈЗ, Скопје, 2020.