Светскиот ден на контрацепцијата има за цел да ја подигне свеста за бенефит од користење на контрацептивни сретства, се одбележува секоја година на 26 ти септември. Оваа година се одбележува под мотото: ТВОЈ Е ЖИВОТОТ, ТВОЈА Е ОДГОВОРНОСТА. Кампањата оваа година се фокусира околу визијата секоја бременост да е посакувана.

Секоја година се зголемува бројот на жени во репродуктивниот период кои имаат хронична медицинска состојба, како што се висок крвен притисок или дијабет. Бременоста на жените со хронични состојби може да биде висок ризик по здравјето. Овие жени, треба редовно да се консултираат со својот матичен гинеколог за терапијата што ја  земаат за нивната хронична болест за време на бременоста. Затоа, клучниот успех е планирана и здрава бременост.

  • Се проценува дека во светот има околу 211 милиони бремености секоја година,  во моментов повеќе од 40% од светска популација се несакани бремености.

 

  • Од вкупниот број на  несакани бремености, околу 50% завршуваат со абортус, често во небезбедни услови при што се загрозуваат здравјето и животот на жената.

 

  •  Околу 16 милиони адолесцентни девојчиња на возраст од 15 до 19 години раѓаат секоја година, а еден милион се под 15 години. Тие се многу повеќе изложени на ризик и од фатални компликации при раѓање отколку  жените на возраст над 19 години.

 

  • Младите луѓе имаат поголема веројатност да добијат сексуално преносливи инфекции отколку возрасните.

 

  • Од околу 38 милиони сексуално активни адолесценти кои живеат во земјите во развој, 60% од нив од непознати причини не користат контрацептивни сретства (заштита при секс).

 

Контрацепцијата треба да биде соодветна, безбедна и ефективна.

Во било кој период од  живот на мажите, жените и девојките, внимателно треба да се направи избор пред да се одбере најсоодветниот контрацептивен метод. Овие елементи вклучуваат, сигурност, ефективност, достапност во кои секако влегуваат пристапни и прифатливи цени.

Изборот на контрацепција е различен па затоа потребно е да биде прилагоден со здравствената состојба  на секоја индивидуа. На пример контрацептивите кои содржат естроген се избегнуваат кај жени кои доживеале мозочен удар или згрутчување на крвта.

 

Планирање на бременост преку употреба на ефикасна контрацепција има многу предности :

  • Оптимизирање на здравјето на жената пред бременоста со стабилизирање на нејзината здравствена состојба или подобрување на здравствената состојба.
  •  Замена на лековите со оние кои се прифатливи да се користат за време на бременоста.
  • За да се избегнат компликации во бременоста, пред забременување телото е потребно да биде во најдобра здравствена состојба.

 

Што доколку не се користи контрацепција?

 

Доколку не се користи контрацепција, приближно 85% од жените кои се сексуално активни ќе забременат во рок од една година.

Ако не користите кондом, исто така се зголемуваат шансите да добиете сексуално пренослива инфекција.

 

Кога е најдобро време да се разговара за контрацепција?

 

Жените во репродуктивниот период редовно треба да разговараат за контрацепција со здравствен работник. Кога жена има здравствен проблем а размислува за бременост, таа треба редовно да разговара и да се советува со матичниот гинеколог.

Гинекологот акушер успешно ја контролира хроничната состојба или хроничното заболување кај жената кое се дијагностицира пред или се појавило за време на бременоста. По породувањето, постпарталниот период е еден исто така важен период во кој потребно е да се дискутира за идните планови за следна бременост и заштита.

Контрацептивните средства се разликуваат во нивната ефикасност при спречување на несакана бременост.

 

Во Република Северна Македонија од Извештајот на службата за здравствена заштита на жени при гинеколошки посети  се ординирани следниве контрацептивни средства:

 

Гинеколошки посети при кои се ординирани контрацептивни средства во Република Северна Македонија, 2007 и 2018 година

kontracepcija

Бројот на посети кај гинеколог поради планирање на семејство во 2018 година е намален за 2,3% во однос на 2007 година и индексот за 2018/2007 изнесува 97,7%. Во временскиот период  2007 до 2018 се согледува незначително намалени гинеколошки посети  при кои покрај други услуги, ординирани се и контрацептивни сретства. Индексот 2018/2007 во врска со издавање на орални контрацептивни средства изнесува 116,9.

 

Потребно е континуирана едукација и промоција за заштитата на здравјето на жените и мажите. Поттик за контрола врз сопственото здравје, едукација за изборот на најсоодветна контрацепција засебе и за својот партнер.

 

Денес постојат многу типови на заштита, контрацепција која е достапна и ефективна: кондом, женскиот кондом, таблети за контрацепција, спирала, вагинален прстен, таблети за итни случаи (итна контрацепција), инјектирање, лепенка за контрацепција, стерилизација и др.

 

Изборот на контрацептивни сретства  го прави секоја индивидуа. Најдобро е при изборот да се консултирате со матичниот гинеколог.

 

Користена литература:

 

1.Awareness days, World contraception day 2019, Available at: https://www.awarenessdays.com/awareness-days-calendar/world-contraception-day-2019/

2. Plan International, 10 tings you should know on world contraception day, available at: https://plan-uk.org/blogs/10-things-you-should-know-for-world-contraception-day

3. Contraception, birth control methods, Available at: https://www.cdc.gov/reproductivehealth/contraception/index.htm

4. Why World Contraception Day is Important, Available at:https://www.lifespan.org/lifespan-living/why-world-contraception-day-important

                                                                                            

Подготвил:

Сектор за промоција, анализи и следење на незразни болести

Институт за јавно здравје на РСМ