
Говор на директорот, Асс. д-р Шабан Мемети
Почитувани,
Денешната прес конференција Институтот за јавно здравје ја организира со цел да се одбележи 4 Февруари – Светскиот ден против ракот и да ги пренесе пораките за негова превенција од Унијата за меѓународна контрола на ракот до граѓаните на Република Македонија преку секогаш одличната соработка со претставниците на медиумите.
Овогодинешното мото е - Ние можеме. Јас можам.
Продолжува тригодишната кампања 2016-2018 во која се истражува како секој – како колектив или како поединец – може да го даде својот придонес за да се намали глобалниот товар од ракот.
Исто како што ракот влијае на секој човек на различен начин, сите луѓе имаат сила да преземат различни активности за да го намалат влијанието што го има ракот врз поединецот, семејството и заедницата.
Светскиот ден на ракот е шанса да размислите што можете да направите, да се заложите и да преземете акција. Што и да одлучите да направите “Ние можеме. Јас можам” прави разлика во борбата против ракот.
Малигните неоплазми со учество од 20-25% се наоѓаат на второ место по причина за смрт во развиените земји во светот, веднаш по кардиоваскуларните болести, кои пак учествуваат со околу или над 50% во структурата на морталитетот.Ракот во моментот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво. Секоја година кај повеќе од 14 милиони луѓе се дијагностицира рак, и оваа бројка се очекува да се зголеми на повеќе од 21 милиони до 2030 година.
Во Р. Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во 2010 година од рак умреле 3705, а во 2016 година 3882 лица, додека стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 187,3%000 во 2016 година. Мажите двапати почесто почесто умираат од карциноми. Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи околу 65 починати на 100000 мажи годишно.Кај жените најчеста причина за смрт е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи околу 30 на 100000 жени.
“На Светскиот ден на ракот, имаме можност колективно да ги анализираме стратегиите за контрола на ракот за да ги идентификуваме победничките формули кои ќе го забрзаат напредокот. Целта на сите нас е што помалку луѓе да развијат рак, повеќе луѓе успешно да бидат третирани и да се обезбеди подобар квалитет на живот на луѓето во текот на третманот и подоцна во текот на животот
Мото – Ние можеме. Јас можам.
Продолжува тригодишната кампања 2016-2018 за одбележување на 4 Февруари -Светскиот ден на ракот која се одржува под Мотото – “Ние можеме. Јас можам.“ и истражува како секој – како колектив или како поединец – може да го даде својот придонес за да се намали глобалниот товар од ракот.
Исто како што ракот влијае на секој човек на различен начин, сите луѓе имаат сила да преземат различни активности за да го намалат влијанието што го има ракот врз поединецот, семејството и заедницата.
Светскиот ден на ракот е шанса да размислите што можете да направите, да се заложите и да преземете акција. Што и да одлучите да направите “Ние можеме. Јас можам” прави разлика во борбата против ракот.
Ние можеме | Јас можам |
Поттикнете акција, преземете акција | Да направам избор за здрав животен стил |
Спречете го ракот | Да разберам дека раното откривање на ракот спасува животи |
Креирајте здрави училишта | Да побарам поддршка |
Креирајте здрави работни места | Да се вратам на работа |
Креирајте здрави градови | Да ја преземам контролата врз болеста |
Поддржете ги другите да се вратат на работа | Да сакам и да бидам сакан/а |
Прифатете го предизвикот | Да направам да се слушне мојот глас |
Подобрете го пристапот до нега на заболените од рак | |
Направете промена во политиката | |
Изградете квалитетна работна сила | |
Инвестирајте во контрола на ракот | |
Здружете ги силите за да направите разлика |
“На Светскиот ден на ракот, имаме можност колективно да ги анализираме стратегиите за контрола на ракот за да ги идентификуваме победничките формули кои ќе го забрзаат напредокот. Целта на сите нас е што помалку луѓе да развијат рак, повеќе луѓе успешно да бидат третирани и да се обезбеди подобар квалитет на живот на луѓето во текот на третманот и подоцна во текот на животот “.
ПРЕВЗЕМИ PDF 1- КЛУЧНИ ПОРАКИ (МАК.)
ПРЕВЗЕМИ PDF 2- КЛУЧНИ ПОРАКИ (АЛБ.)
ПРЕВЗЕМИ PDF 3-МАЛИГНИ НЕОПЛАЗМИ (МАК.)
ПРЕВЗЕМИ PDF 4-МАЛИГНИ НЕОПЛАЗМИ (АЛБ.)
ПРЕВЗЕМИ ПРЕЗЕНТАЦИЈА Малигни неоплазми (mk pptx) (alb pptx)
Подготвил:
Сектор за промоција, анализи и следење на незаразни болести