Светската здравствена организација (СЗО) и  Организација за земјоделство и храна (ФАО) подготвија заеднички водич за COVID-19 и безбедност на храната, наменет за компаниите кои работат со храна, производство и промет на храна. Институтот за јавно здравје ја преведе  оваа публикација со цел да помогне во намалувањето на последиците од глобалната закана.
Во услови на пандемија кога е неопходно да функционира прехранбената индустрија, неопходно е да се превземат мерки за намалување на ширење на вирусот и непречено одвивање на дејноста. Иако до овој момент не постојат научни докази дека вирусот се пренесува преку храната, сепак вработените лица можат да бидат инфицирани и да ја пренесат инфекцијата на останатите и со тоа да го компромитираат производниот процес. За таа цел потребни се измени и дополнувања на процедурите опишани во управувањето со вработените лица, нивна едукација и надзор. Исто така потребни се зајакнати мерки за хигиена и дезинфекција на целата работна средина.
 
Сите насоки се презентирани во овој краток водич, наречени како привремени насоки, зарaди тоа што се базираат на достапните сознанија за овој нов недоволно познат вирус.