Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот.
Епидемиологот д-р Жарко Караџовски и претседател на Комисијата за заразни болести е меѓу годинешните добитници на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје, а награден е за заслуги во здравството.
Меѓу останатите добитници на наградите се и:
Новинарот Тони Димков година од областа на публицистиката, од областа на образованието и воспитанието Сервете Фида, од областа на културата – Љубомир Чадиковски, Никола Коле Ангеловски, архитектот Петар Намичев од областа на науката; естрадниот уметник Диме Поповски од областа на уметноста;, од областа на хуманитарната активност наградени се Андријана Серафимовска, Тео Тасев, Теодора Трајковска, Филип Димишковски и Бојан Ристовски.
Од областа на здравствената заштита покрај д-р Жарко Караџовски, наградени се и тимот доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во нашата земја: проф.д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Зравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.
Од областа на спортот, алпинистка Илина Арсова. Во категоријата Правни лица, наградено е Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Во категоријата Ученици и студенти Матеј Милосиевски, Ангела Петровска, Ведрана Петрова .
Град Скопје соопшти дека тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.