ЈАКНЕЊЕ НА ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ, МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ПОДДРШКА НА УНИВЕРЗАЛНАТА ЗДРАВСТВЕНА ПОКРИЕНОСТ НА НАЦИОНАЛНО НИВО

Императив во имплементацијата на националната здравствена стратегија во Р. Македонија е подобрување на здравјето на населението, преку подобрување на компонентите на здравјето и анимирање на сите кои посредно или непосредно влијаат врз актуелната состојба.

Здраво население, во здрава и безбедна животна средина, одржлив здравствен систем  и  сигурност од глобални и локални јавно-здравствени закани, преку обезбедување на соодветно  ниво на универзална здравствена покриеност во процесот на пружање на здравствените услуги, е националната визија заснована на највисокиот степен на знаење кое е достапно и применливо во Република Македонија.

Репрезентативноста на јавно-здравствениот сегмент во државата преку активностите на Минисерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија и 10-те регионални центри, здравствените установи на сите три нивои на здравствена заштита е претставена преку експертски мислења, извидувања и контроли, аналитички иследувања и процена на ризик, во креирање на посебностите од терен како индивидуална слика, сé до нивно збирно анализирање како општа слика.

Изминатиот период претставуваше круна на сериозните активности во креирањето на современ систем на превентивна медицинска заштита, односно како основен инструмент на управување со дефинирање на приоритетните проблеми и превземање на адекватни решенија на национално, регионално и локално ниво.

Мисијата на зајакнување на јавно-здравствените услуги е да го унапреди здравјето и општата благосостојба на населението преку научно базирани сознанија, добри практики, информации и организациони партнерства и влијание на одржливи јавно здравствени политики.

 За таа цел, исправени сме пред предизвиците на имплементирање на светски референтни стандарди и континуирано следење и обука на современите аналитичко-дијагностички процедури, што треба да е резултат на максималните заложби и труд, ентузијазам, креативност и професионалност на сите здравствени професионалци од јавно здравствената дејност.

Мерките и активностите кои треба да ја поддржат универзалната здравствена покриеност на национално ниво, се однесуваат на имплементација на основните начела за квалитет, ефективност, ефикасност,партнерство, еднаквост, рамноправност, одговорност. Во оваа смисла,  базирано врз принципот на правичност и човеково достоинство, ние се чувствуваме одговорни за целото население во Република Македонија, за нивното здравје и благосостојба.

Институтот за јавно здравје на Република Македонија како национална здравствена институција е првата линија на реализацијата на таквата цел, преку:

  1. Сеопфатност на мерки и активности со фокус на населението како целина и на одделни социјални групи и кон социоекономските детерминанти на здравјето и најзначајните фактори на ризик;
  2. Меѓусекторска соработка, мултидисциплинарен и интердисциплинарен пристап за унапредување на здравјето – кој се постигнува со постојано подобрување на соработката со здравствени установи вклучени во областа на јавното здравство и со други учесници во јавното здравје;
  3. Научна основа и сеопфатност во собирањето на податоци преку квантитативни и квалитативни методи – што значи активност на јавно здравство врз основа на научно докажани и проверени методи и процедури кои се користат со цел да се промовира и да се зачува здравјето на населението;
  4. Партнерство со населението и зајакнување на граѓанските иницијативи во областа на јавното здравје и
  5. Ефикасноста и ефективноста во јавното здравје – кои се реализираат со постигнување на најдобри можни резултати во однос на расположливите финансиски ресурси, односно постигнување на највисоко можно ниво на здравје со најниска потрошувачка на ресурси.

На национално ниво, и понатаму ќе работиме на универзална здравствена покриеност во областа на јавно здравје, преку кампањи за јавно здравје, здравствена едукација, безбедност на животната и работната средина, превенција на болестите, бидејќи здравјето е основно човеково право и секој треба да може да пристапи кон услугите кои му се потребни.

Благодарам.