Во текот на 42-рата недела од 2020 година (од 12-18.10.2020), во Република Северна Македонија пријавени се 18 (I=0,9/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.

Бројот на регистрирани случаи во 42-ра недела е соодветен за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона (n=17), како и со типичната сезонска крива (n=38).

Заболените се пријавени од 4 ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 11, во Радовиш – 4, во Кичево – 2 и во Прилеп – 1.

Во однос на возрасната дистрибуција, 9 лица се од возрасната група од 15-64 години.

Во текот на 42-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ нема пристигнати материјали за лабораториско тестирање на грип.

 

Во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени изнесува 44 (I=2,1/100.000), четири повеќе во споредба со истиот период минатата година кога биле регистрирани 40 заболени лица.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 27 случаи (61,4%), а највисока инциденца (7,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

 

Од почетокот на сезоната 2020/2021, заклучно со 42-ра недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ нема пристигнати материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип.

 

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

 

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 41-ва недела 2020 година, активноста на вирусот на грип е на меѓусезонско ниво низ Европскиот регион. Од рутинскиот и сентинел надзорот, 11 од тестираните 4.780 примероци се позитивни за присуство на инфлуенца (9 Inluenza A и 2 Inluenza B).

Според квалитативните индикатори, во однос на интензитетот, 23 земји се на базично ниво, 2 се со низок, а една земја е со среден интензитет. Според географската раширеност, 24 земји немаат активност, а 3 пријавуваат спорадични случаи.

Пандемијата (КОВИД-19) има негативно влијание врз здравствениот систем и капацитетите за тестирање на земјите во регионот што (намалено пријавување на епидемиолошки и вирусолошки податоци за грип). Затоа, презентираните податоци мора да се толкуваат со претпазливост.

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје