ШТО Е ГРИП И КОЈ ИМА НАЈГОЛЕМ РИЗИК ОД КОМПЛИКАЦИИ?

Грип е заболување кое го предизвикува вирусот на инфлуенца и ги зафаќа горните дишни патишта: нос и грло, а во потешките форми и долните дишни патишта – бронхиите. Секоја година со вирусот на грип се заразуваат од 5% до 15% од населението. Кај поголем дел од луѓето, грипот проаѓа како релативно лесно заболување, но одредени лица се изложени на поголем ризик за сериозни компликации кои може да доведат до потреба за болничко лекување, а во некои случаи и до смрт

Под поголем ризик за компликации се возрасните лица над 65 години, бремени жени, деца возраст од 6 месеци до 5 години и лица со хронични болести

ЗА ОВИЕ ГРУПИ НА ЛИЦА СЕ ПРЕПОРАЧУВА ГОДИШНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП ВО ЕСЕН.

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРАШ СЕКОЈА ГОДИНА?

Вирусите на грип постојано се менуваат и не е невообичаено да се појави нов тип на грип секоја година. Вакцинирањето пред секоја сезона е единствен и најсигурен начин на превенција од грип.

СЗО ПРЕПОРАЧУВА СЕКОЈА ЕСЕН ВАКЦИНАЦИЈА НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

ЗАКАЖЕТЕ ВАКЦИНАЦИЈА ПРЕКУ ВАШИОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР!

Матичниот лекар ќе ja провери вашата здравствена состојба и ќе ви закаже термин за бесплатна вакцинација во најблискиот пункт за вакцинација против грип. Доколку не спаѓате во оваа категорија на лица, вакцината против сезонски грип може да ја добиете во најблискиот центар за јавно здравје (650 денари) без претходно закажување.

вакцинација и грип (постер)  (mk) (alb)

флаер за грип  (mk) (alb)

флаер за здравствени работници  (mk) (alb)