Во текот на 41-вата недела од 2020 година (од 05-11.10.2020), во Република Северна Македонија пријавени се 24 (I=1,2/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона и просекот.

Бројот на регистрирани случаи во 41-ва недела е соодветен за овој период од сезоната во споредба со минатата сезона (n=19), како и со типичната сезонска крива (n=29).

Заболените се пријавени од 6 ЦЈЗ/ПЕ, во Радовиш – 8, во Дебар – 7, во Куманово – 5, во Тетово – 2 и во Прилеп и Кавдарци – по 1.

Во однос на возрасната дистрибуција, 16 лица се од возрасната група од 15-64 години, 5 од 0-4 години и 3 од 5-14 години.

Во текот на 41-ва извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ нема пристигнати материјали за лабораториско тестирање на грип.

 

Во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени изнесува 26 (I=1,3/100.000), три помалку во споредба со истиот период минатата година кога биле регистрирани 23 заболени лица.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 18 случаи (69,2%), а највисока инциденца (4,3/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

 

Од почетокот на сезоната 2020/2021, заклучно со 41-ва недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ нема пристигнати материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип.

 

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

 

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 40-та недела 2020 година, активноста на вирусот на грип е на меѓусезонско ниво низ Европскиот регион. Од рутинскиот и сентинел надзорот само 1 од тестираните 5.877 примероци е позитивен за присуство на инфлуенца (Inluenza B).

Пандемијата (КОВИД-19) има негативно влијание врз здравствениот систем и капацитетите за тестирање на земјите во регионот што (намалено пријавување на епидемиолошки и вирусолошки податоци за грип). Затоа, презентираните податоци мора да се толкуваат со претпазливост.

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје