Институтот за Јавно Здравје по повод Кампања за Здравје го одбележа Светскиот ден на Физичката Активност.
Дата на оддржување на настанот: 11 Мај ( четврток ), од 11-13,00
Локација: Кеј на реката Вардар во близина на х. Александар Палас, Скопје
Учесници: Институт за јавно здравје на РСМ, Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Национална федерација “Спорт за сите на Северна Македонија”, ученици од СМУГС Д-р Панче Караѓозов, членови на Здружение “Здрава Иднина”, Здружение на студенти на медицина при Медицински факултет Скопје, ученици од 3 основни и 1 средно училиште – пилот училишта за имплементација на концептот “Училишта што го унапредуваат здравјето”, и други граѓани.
Видови активности на 11 мај ( четврток ) од 11:00 -13:00 часот, на кеј на Вардар во близина на хотел Александар Палас во Скопје:
Изјави за мас медиумите во 12:00 часот
Вршење превентивни прегледи – мерење крвен притисок
Едукација за значењето на здравиот стил на живот, особено на физичката активност за превенција на заболувањата
Делење на пропаганден материјал
Давање овошје и вода во текот на настанот
Оддржување на групни вежби со учениците на справите на кејот и други спортски реквизити
Организирање на трка на 100 метри.
Кампањата се реализира согласно задачите и активностите кои произлегуваат од Националната годишна програма за јавно здравје во РСМ во 2023 година на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје на РСМ, а со поддршка на Министерството за здравство.
Заедно можеме! Дојдете да се дружиме!
“КАМПАЊА ЗА ЗДРАВЈЕ”