Претставници на македонскиот национален тим на PRO-METROFOOD (H2020 INFRADEV-02-2016), м-р сци. Анита Најденкоска (национален тим лидер) и д-р сци. Зорица Арсова-Сарафиновска, учествуваа на 3-тиот состанок за напредок на проектот, што се одржа во Солун, на 30.09. и 01.10. 2017 г. , во пресрет на третата интернационална конференција на Интернационалната конфедереација за мерење – IMEKO.

На состанокот се дискутираше за прогресот на активностите во проектот PRO-METROFOOD, за поднесената апликацијата на новиот METROFOOD проект за новата европска научна стратешка карта (ESFRI 2018), како и претстојните активности за успешно заокружување на тековниот проект PRO-METROFOOD. Македонскиот национален тим учествува во сите работни пакети. На состанокот беше истакнато дека македонскиот PRO-METROFOOD тим обезбеди поддршка за проектот од страна на три министерства, и тоа: Министерство за здравство, Министерство за наука и образование и Министерството за земјоделие, како и писма за поддршка од институции и организации инволвирани во процесот на обезбедување на квалитет и безбедност на храна (АХВ; Организација на потрошувачи на РМ; Здружение на преработувачи на храна, регионалните центри за здравствена заштита, Институтот за акредитација на РМ, факултети и истражувачки центри во РМ).

Во рамките на проектот м-р Анита Најденкоска и д-р Маја Димитровска воведоа нов аналитички метод за определување на масни киселини во различни видови на намирници со гасна хроматографија. За овој тип на анализи во последните неколку години во ЈЗУ-ИЈЗ пристигнуваа бројни барања од клиенти.

Македонскиот национален тим активно учествуваше и на самата IMEKO конференција, која се одржа во периодот од 01.10.-04.10.2017 г. во организација на Универзитетот Аристотел во Солун и Тенхичкиот Комитет 23 (Метрологија во храна и исхрана) на Интернационалната конфедереација за мерење – IMEKO. Оваа година конференцијата беше посветена на темата – хармонизација и стандардизација на метрологијата во агросекторот.

М-р сци. Анита Најденкоска имаше своја усна презентација на конференцијата под наслов ,,Оптимизација на HPLC методи за истовремена анализа на прехранбени бои”, a Лабораторијата за контрола на квалитет на храна се претстави си со своја постер презентација под наслов ,,Активности во тестови на оспособеност; искуство на Лабоарторијата за контрола на квалитет на храна”.