Краток преглед на епидемиолошката состојба со мали сипаници во Македонија

Оваа недела пријавени се вкупно 82 сомнителни случаи, од кои 74 се класифицирани како мали сипаници (лабораториски потврдени или со епидемиолошка врска).

Од Скопје пријавени се 44 случаи на мали сипаници, а останатите 30 се од 9 други градови во Македонија.

Вкупно од почетокот на епидемијата во Скопје од декември 2018 до сега во Македонија се регистрирани 412 случаи на мали сипаници, од нив 362 се поврзани со епидемијата во Скопје.

Според место на постојано живеење случаи на мали сипаници се регистрирани во 16 градови од Македонија, од нив 321 случај од Скопје, 33 се од Тетово, 17 од Куманово, 9 од Гевгелија, 6 од Дебар, 5 од Гостивар, 4 од Кичево, во останатите 9  градови се регистрираат спорадични случаи (Граф. 1).

Ова недела епидемија од мали сипаници пријави и ЦЈЗ Куманово, со што активни епидемии на мали сипаници во моментот има во три здравствени региони (Скопје, Тетово и Куманово).

Графикон 1. Географска дистрибуција на случаи на мали сипаници во Македонија, декември 2018-феввруари 2019

Graf 2

Најголем број на случаите се од возрасната група 1-4г., 113 или 27,4% од вкупниот број, децата на возраст под една година учествуваат со 20,4% (n=84), висок процент на заболени се регистрира и кај повозрасните групи, лицата од 20-29 години учествуваат со 10% (n=41), а лицата постари од 30 години со 34% (n=140)  (Графикон 2).

Графикон 2. Дистрибуција на заболените од мали сипаници во Македонија според возраст, декември 2018-февруари 2018

Граф. 1

Вкупно од 113 заболени кај децата  од 1-4 години, 104 или 92% се невакцинирани, од 181 заболен кај лицата над 20 годишна возраст, 72,3% (n=131) се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

 

Во тек на осмата недела вкупно се вакцинирани 1.789  деца на возраст до 14 години од нив 1.123 во Скопје и 666 деца во другите градови.

Од почетокот на епидемијата досега се вакцинирани вкупно 13.838 деца.

Во Скопје од почетокот на епидемијата вакцинирани се 9.216 деца од 16.361 невакцинирани деца на предучилишна и училишна возраст.

Вон Скопје, вакцинирани се 4. 622 деца од вкупно 25.955 невакцинирани или непотполно вакцинирани деца на возраст до 14 години.