Во текот на 7-тата недела, од 16.02.2019 до 22.02.2019 пријавени се вкупно 65 случаи, од нив 54 случаи во Скопје и 13 случаи од други градови, од Тетово (8), Гостивар (4) и Куманово (1).

Од почетокот на епидемијата во Скопје, заклучно со 22.02.2019, регистрирани се вкупно 311 случаи на мали сипаници.

ЦЈЗ Тетово ма 19.02.2019 г. пријави епидемија на мали сипаници со 7 заболени лица на својата територија

Епидемијата ги зафаќа сите општини на територијата на град Скопје.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 56 година.

Од вкупниот број на заболени, 148 (57,1%) се на возраст до 4 години, а 91 лице (29,2%) на возраст над 30 години.

Според вакциналниот статус, 232 или 74,6% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 64 се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација

Од вкупниот број на заболени, 193 лица односно 62% се лабораториски потврдени.

Досега се регистрирани три смртни случаи асоцирани со мали сипаници.

Во однос на спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 12.049, од кои 8.093 лица се на територијата на град Скопје.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности кои ги превземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните тимови во пунктовите за вакцинација.

 

Скопје, 22.02.2019

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

ИЈЗ Скопје