И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

за состојба со мали сипаници во  Република Македонија заклучно со 13.10.2017 

Во текот на изминатата недела (07.10 – 13.10.2017) не е регистриран нов случај на мали сипаници во Р. Македонија. Заклучно со 06.10.2017,  пријавени се вкупно 14 случаи на мали сипаници во Р. Македонија

На 25.09.2017, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на мали сипаници на територијата на општина Гази Баба-Кванташка депонија. Симптомите на првиот пријавен случај од Кванташка депонија се јавиле на 15.09.2017. Со оглед на епидемиолошките податоци за контакт со заболени деца со слична симптоматологија кои престојувале на Косово, може да се претпостави дека инфекцијата е стекната во контакт со импортиран случај на мали сипаници од Косово.

Во однос на местото на живеење, 10 лица од заболените живеат во нас. Маџари-Кванташка депонија, и по едно  лице во с. Кондово, Шуто Оризари, Чаир, а едно од пријавените заболени деца е странски државјанин –  живее во  Липљан, Косово.

Во однос на возраста на заболените лица, само еден случај е на возраст под 1 година, кога не подлежи на задолжителна вакцинација против мали сипаници. Најголем број од заболените лица (n=7) припаѓаат на возрасната група од 1-4 години, 2 лица се на возраст од 5-9 години, и по едно лице припаѓа на возрасните групи од 10-14 год, 15-19 год, 20-29 и над 30 години.

Само едно од заболените лица е вакцинирано со една доза МРП (31-годишна жена која примила прва доза вакцина на возраст од една година), останатите или не подлежат или не се вакцинирани. Притоа, четири од заболените лица се вакцинирани со една доза на МРП во текот на вакциналната капања спроведена на 23.09.2017, два до пет дена пред да заболат.

Од  вкупниот број на регистрирани случаи (n=14), 13 се лабораториски потврдени, а еден е клинички и епидемиолошки поврзан случај.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) во Скопје биле хоспитализирани 12 лица од заболените, едно лице било хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Само кај два случаи се регистрирани компликации во вид на пневмонија.

Сите лабораториски потврдени случаи се конфирмирани во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје – референтна лабораторија за мали сипаници и рубеола, според препораките на СЗО.

Вакцинација со МРП вакцина согласно препораките:

Во текот периодот од 25.09-06.10.2017 година на територијата на Р. Македонија беа вакцинирани вкупно 5.781 лице со МРП вакцина, од нив  2.099 со прва доза, а 3.682 со втора доза кај училишните деца. Откриени се, и вакцинирани со прва доза 348 пропуштени лица, а со втора доза 49 лица. Евидентирани се 100 новооткриени лица кои се вакцинирани со прва доза. Од вкупно вакцинираните со прва доза,  1.326 лица (63,2%) се од територијата на ЦЈЗ Скопје.

Скопје, 13.10.2017

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

ИЈЗ Скопје