Лабораторијата за испитување квалитет на храна врши контрола на квалитетот на следните групи прехранбени производи:
- безалкохолни и алкохолни пијалаци
- кондиторски производи
- брашно и мелнички производи
- производи од овошје и зеленчук
- млеко и млечни производи
- месо и месни преработки
- масти и масла
- суровини и адитиви во прехранбена индустрија
- зачини и зачински растенија
- ароми и концентрати за освежителни пијалаци
- храна за доенчиња
- додатоци на исхраната
Тестирањето на параметрите на квалитет на прехранбените производи се прави по стандардни и пропишани методи според важечките национални Правилници и ЕУ Директиви.
Во примероците за испитување се анализираат следните параметри: содржина на вода, сува материја, пепел, протеини, масти, шеќери, диететски влакна, содржина на органски киселини, алкохол, вкупен екстракт, релативна густина, сапунификационен број, јоден број, киселински степен итн.
Врз основа на испитаните хемиски параметри се определува и енергетска вредност на прехранбените производи.
Освен тоа, во прехранбените производи се испитува и присуството на различни адитиви како: конзерванси (бензоати, сорбати), засладувачи (ацесулфам, аспартам, сахарин), вештачки прехранбени бои, судан бои. Содржината на витамини (хидро и липосолубилни) се определува во додатоците на исхрана, во кои се анализира и присуството на некои активни компоненти како: коензим Q10, хеспиридин, диосмин, изофлавони, кверцетин, гинсенозиди, хининска киселина, глукозамин, хондроитин итн.
Лабораторијата за испитување квалитет на храна е акредитирана согласно ISO 17025 стандардот од 2006 год. за следните методи:
- Определување киселински степен и киселост во животински и растителни масти и масла (ISO 661:2003)
- Определување сапунификационен број во животински и растителни масти и масла (ISO 3657:2002)
- Определување неосапунливи материи во животински и растителни масти и масла (ISO 3596:2000)
- Определување титрациска киселост во производи од овошје и зеленчук (ISO 750:1998)
- Определување содржина на сол во путер (ISO 1738:2004)
- Определување содржина на масти во млеко (ISO 2446:1976, ISO 488:1983)
- Определување киселост на млеко (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
- Определување на сува материја на млеко (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
- Определување на киселост на кисело млеко и јогурт (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
- Определување на сува материја во кисело млеко и јогурт (Правилник за методи на физички и хемиски анализи на млеко и производи од млеко „Службен лист” на СФРЈ, бр.32/83)
- Определување содржина на вода во жито и житни производи (ISO 712:2009)
- Определување на пепел во жито и житни производи (ISO 2171:2007)
- Определување на вкупен пепел во чај (ISO 1575:1987)
- Определување губиток на маса во чај (ISO 1573:1980)
- Определување вкупни киселини како оцетна во оцет (0201 РУ 5.8.55)
- Определување содржина на влага во скроб (ISO 1666:1996)
- Определување пепел во скроб (ISO 3593:1981)
- Определување на пепел нерастворилив во хлороводородна киселина во производи од овошје и зеленчук (ISO 763:2003)
- Определување јодираност на сол (UNICEF/ROSCA, 1989)
- Определување на конзерванси, натриум бензоат и калиум сорбат со HPLC во безалкохолни пијалаци (ASU#LMBG L00.00, 1984)
- Определување на вештачки засладувачи (сахарин, аспартам и ацесулфам-К) во безалкохолни пијалаци (SUESS_01.220, 1999)