Оваа лабораторија е единствена од ваков вид во РМ.

Во лабораторијата се вршат испитувања на:

  1. Здравствена исправност на материјали и производи наменети дадојдат во контакт со прехрамбените производи, кои мораат да исполнуваат општи и посебни услови, така да не влијаат на квалитетот и безбедноста на храната и да не го загрозуваат здравјето на потрошувачите,
  2. Испитувања на здравствената исправност на материјали и производи наменети дадојдат во контакт со кожа и слузокожа,
  • Испитување на безбедност и здравствена исправност на детски играчки.

 

Поделба на материјалите и проиводите, кои се тестираат во нашата лабораторија:

  1. Садови и прибор за приготвување и чување на животните намирници, изработени од:
  • Метал
  • Пластика
  • Керамика
  • Стакло
  • Хартија
  • Дрво
  • Текстил и др.
  1. Амбалажа за животни намирници, изработена од горенаведените материјали;
  2. Детски играчки од сите материјали;
  3. Средства за одржување на личната хигиена;
  4. Средства за одржување на хигиена во домаќинство;
  5. Прибор за мали деца и доенчиња;
  6. Пластични гранулати;
  7. Делови од машини;
  8. Други производи

 

      Испитувањата се изведуваат согласно постојната национална законска регулатива која се однесува на предметите за општа употреба и детски играчки, како и најновите ЕУ Регулативи, Директиви и ЕУ Водичи.

 

Од парметрите кои се тестираат на поедини видови на предмети се:

  1. Вкупна миграција на органски и неоргански супстанции,
  2. Специфична миграција на 9 метали,
  3. Специфична миграција на примарни ароматични амини,
  4. Испуштање на боја во тест раствор,
  5. Тестирање на механички и физички својства на детските играчки,
  6. Органолептички испитувања и определување на квалитет на предметите.

 

Оваа лабораторија е акредитирана, согласно  стандардот ISO/IEC 17025.

 

Одговорно лице: Д-р.сци. Евгенија Кироска-Петреска – специјалист по санитарна хемија