*** Професионална компетенција за јонизирачко зрачење со меѓународна потврда ***
Во состав на:
- Светската мрежа на дозиметриски лаборатории на Меѓународната агенција за атомска енергија/ Светската здравствена организација
- Европската групација на дозиметриски лаборатории – EURADOS
- Европската мрежа за континуиран мониторинг на јонизирачко зрачење во воздух – EURDEP
- Мрежата на радиометриски лаборатории на Меѓународната агенција за атомска енергија – ALMERA
Реализaција на активности и програми во областа на радијационата сигурност:
- Автоматски мониторинг на дозата на јонизирачко зрачење во воздихот;
- Мониторинг на содржината на радиоактивните елементи во животната средина во Република Македонија
- Персонална дозиметрија на лицата кои се работно изложени на јонизирачко зрачење;
- Процена на ризикот од радијациона изложеност на работните места со извори на јонизирачко зрачење;
- Калибрација на инструментите за детекција на јонизирачко зрачење во Република Македонија;
- Контрола на квалитет на рентген апаратите во медицинската дијагностика
- Процена на степенот на радијациона изложеност на населението;
- Обука за радијациона заштита и сигурност
- Дозиметриски мерења на гранични премини како мерка за спречување на пролиферација на радиоактивни и нуклеарни материјали на територијата на Република Македонија
Повеќе информации за методите на детекција на следниот линк
Повеќе информации за калибрационите способности на следниот линк
Меѓународна соработка
- Во реализација, координација или учество на наши експерти во проектите на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, IAEA, Vienna.
- Соработка со Истражувачкиот центар на Европската комисија, JRC Center, Ispra, Italy
- Членство во експертската група на НАТО, Брисел.
—————————-
Акредитирани од Институтот за акредитација на РМ за имплементиран систем за квалитет – ISO 17025,
Мерења и следливост според ISOIEC 62387, ISO 9696, ISO 9697, ISO 18589, ISO 10703, IAEA RSG 1.1, IAEA RSG 1.3