- 15.05.2024
Недела за подигнување на свесноста за солта
Овогодинешната тема на Неделата за подигнување на свесноста за солта е „Време е да се сврти вниманието на солта", истакнувајќи го прашањето за „скриената" сол (натриум) во многу преработени и ултра-преработени производи.
Во многу земји, три четвртини од натриумот во исхраната доаѓа од ултра-преработена и преработена храна, како што се леб, сосови и преливи, крекери и колачиња, готови оброци, преработки од месо и сирења. Институтот за јавно здравје, како „чувар на Вашето здравје", Ви препорачува да го ограничите внесот на солта на 5 или помалку од 5 грама дневно.