Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Во Р.С.Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2021 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 189,7%000 во 2021 година.
Дијаграм 1: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С.Македонија, 2010 – 2021 година
Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите е повисока во однос на жените.
Дијаграм 2: Стапка на морталитет од малигни неоплазми по пол во Р.С. Македонија, 2010 – 2021 година
Морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години
Во периодот 2010-2021 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 849,2 во 2021 година на 100000 население.
Дијаграм 3: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст над 65 години, 2010 – 2021 година
Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години е повисока кај машката поулација.
Дијаграм 4: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С Македонија на возраст над 65 години по пол, 2010 – 2021 година
Морталитет од малигни неоплазми на возраст 0 – 64 години
Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години е значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години.
Дијаграм 5: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст 0 – 64 години, 2010 – 2021 година
И во возрасната група 0-64 години морталитетот е повисок кај мажите во однос на жените.
Дијаграм 6: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Р.С. Македонија на возраст 0 – 64 години по пол, 2010 – 2021 година
Најчести примарни локализации на малигни неоплазми
Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2021 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 67,3 во 2018 година и 56,1 на 100000 мажи во 2021 година.
Дијаграм 7: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на бронх и бел дроб кај мажи во Р.С. Македонија, 2010 – 2021 година
Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2021 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 32,6 во 2021 година на 100000 жени.
Дијаграм 8: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на дојка кај жени во Р.С. Македонија, 2010 – 2021 година