На 15 ноември 2022 година, во просториите се на Институтот за јавно здравје се одржа средба на која присуствуваа Директорот на ИЈЗ, доц. д-р Шабан Мемети, претставници на раководители на оддели при ИЈЗ и г-н Лук Томпсон,  Директор на Регионалниот Центар за животна средина, наука, технологија и здравје (ESTH) за Централна и Источна Европа, Балканот и Кавказ.

Амбасадата на САД во Будимпешта вложува напори за зголемување на соработката за прекуграничната животна средина, науката и технологијата и здравствените прашања, вклучувајќи ги климатските промени, опустинување, цврстиот отпад и управувањето со водните ресурси, здравјето на животната средина, како и прашањата за заразни и незаразни болести.

Стејт департментот го основаше Регионалниот центар во 2001 година. Директорот и двајца специјалисти – едниот за прашања поврзани со животната средина и чистата енергија, а другиот за наука и технологија и здравствени прашања –ја спроведуваат регионалната работа на Центарот од Амбасадата на САД во Будимпешта. Центарот ги фокусира своите напори во 21 земја: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Северна Македонија, Грузија, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка , Словенија, Турција и Украина.

 

sredba