Почитувани,
По повод Светскиот ден на здравјето – 7Април 2018, ќе се одржи свечаност на тема: “Универзална здравствена покриеност: секому, секаде. Здравје за сите!” на 05.04.2018 г. (четврток) со почеток во 11 часот во Бест Вестерн Хотел Турист, Скопје, конференциска сала “Амбасадор”.
Свеченоста е во организација на Секретаријатот на Здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа (SEEHN) и Регионалниот здравствен развоен центар за јавно здравствени услуги со седиште во Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Свое обраќање ќе имаат д-р Владимир Милошев, национален соработник со Здравствената мрежа на ЈИЕ, д-р Мира Дашиќ, директор на секретаријатот на SEEHN, ас. д-р Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје и проф. д-р Елена Ќосевска, директор на Регионалниот здравствен развоен центар за јавно-здравствени услуги.
Цел на свеченоста е да се пренесат пораките на СЗО до земјите членки за подобрување на достапноста до здравствени услуги секому и секаде, како и да се информираат присутните и граѓаните за улогата и функционирањето на Здравствената мрежа на ЈИЕ, улогата на Минисерството за здравство и Институтот за јавно здравје, како и активностите на Регионалниот здравствен центар за развој на јавно-здравствените услуги со цел за нивно зајакнување во идниот период на ниво на регионот.
На настанот се поканети министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, министерот за надворешни работи, г-дин Никола Димитров, претставници на Министерството за здрaвство, Европската унија, Советот на Европа, организациите на Обединети нации во земјата (СЗО, УНИЦЕФ, УНФПА, УНДП и др.), амбасадите на земјите од Европа, САД, Кина, Светска банка, канцеларијата на НАТО, ECPD(Европски регионален институт за развојни студии), EBRD( Европска банка за реконструкција и развој), MARRI, REC( Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа), Мрежата за медицина на труд на ЈИЕ, HOPE, националните контакт лица со Здравствената мрежа за одделни области од здравството, Студиорум, ИОМ(интернационална организација за мигранти), и др., вкупно околу 70 поканети гости.
Со почит,
Проф. д-р Елена Ќосевска, директор
Регионален здравствен развоен центар
Институт за јавно здравје