• Испраќањето на примероците мора да се најави на тел. број во Лабораторијата за вирусологија: 078 387 251
  • Во ходникот пред болничката соба се подготвува чист контејнер за сместување и транспорт на примероците
  • Лицето кое го земало примерокот за анализа (назофарингеалниот брис или друг примерок) со ракавици го сместува земениот примерок во секундарен контејнер или ќеса со зип затворање во исправена состојба со претходно добро затворено капаче на примарниот сад, водејќи сметка да не ги допре надворешните ѕидови и рабови на контејнерот.
  • Секундарниот контејнер се затвора со раце без ракавици и се става во надворешен контејнер (мобилно фрижидерче).
  • Капакот на надворешниот контејнер се затвора со РАЦЕ БЕЗ РАКАВИЦИ, и затворен се носи до лабораторијата (со РАЦЕ БЕЗ РАКАВИЦИ)!
  • Лицето кое го носи контејнерот го предава контејнерот со примероците на лаборант за прием кој не носи ракавици, и кој контејнерот го носи во собата за прием, го вади секундарниот контејнер од надворешниот, проверува колку и какви примероци се доставени и дали тоа соодветствува на пристигнатата документација т.е упат.
  • Упатите се носат одвоено. Може да се носат во папка, фолија или плик, затворени и залепени на надворешниот капак. Упатите не се ставаат во внатрешноста на контејнерот.
  • До колку: примерокот е истурен за време на транспортот; недостасува упат или истиот не е целосно пополнет; недостасува примерок; упатот е завиткан околу примерокот; или примерокот не е добро обележан – примерокот нема да биде примен за лабораториско испитување.

 

 ПРЕВЗЕМИ PDF

 

Институт за јавно здравје на РСМ