1. Вовед

До мај 2014 година, пријавени се повеќе од 635 случаи на MERS-CoV до СЗО.

Се чини дека вирусот широко циркулира на Арабискиот Полуостров и повеќето случаи се пријавени од страна на Саудиска Арабија. Најголем број од заболените се жители, но исто така има и случаи на заболени лица меѓу посетителите. Врз основа информациите кои се на располагање во моментов, ризикот за посетителите за добивање на MERS-CoV инфекција се смета за низок.

Засега познатите епидемиолошки модели укажуваат на тоа дека некои инфекции се јавуваат во заедниците. Случаите откриени во заедницата може да произлезат од контакт со заразени животни или конзумација на непреработени производи од заразени животни, преку пренос од едно на друго лице или преку стекнување на болеста во здравствени установи, кај поединци кои останале да живеат во заедницата.

Во тек се студии за да се одреди ризикот, но студиите сé уште не се целосни.

Други инфекции настанале во болница, пред сé кога заразеното лице е хоспитализирано, а не се применети мерки за контрола и превенција на инфекцијата, што доведува до појава на интрахоспитални епидемии. Забележани се инфекции во семејства, кои може да се пренесени од еден на друг член на семејството или можеби при изложеност на заеднички извор на зараза.

Засега, не е добро проучена трансмисијата на MERS вирусот, а се чекаат резултатите од студиите кои се во тек. Во овој момент нема информации што укажуваат на тоа дека постои широка трансмисија во популацијата.

Од април 2014 година, има значително зголемен број на случаи, особено во Саудиска Арабија и во Обединетите Арапски Емирати – и во популацијата и меѓу здравствените работници. Најновите информации за MERS-CoV може да се најдатна следниот линк:

  1. Ефикасна комуникација на информации поврзани со ризикот

Важно е за земјите, да ги користат сите практични и ефикасни средства за пренесување на информациите за голем број прашања пред, за време и по аџилакот, за сите клучни ризични групи, вклучувајќи ги следниве:

  • Патници на аџилак, посебно ранливите групи од оваа популација;
  • Јавно здравствени работници;
  • Здравствениот персонал кој е одговорен за грижа на болните верници;
  • Јавниот превоз и туристичките работници; и
  • Пошироката јавност.

2.1. Акции што треба да се преземат пред аџилакот

  • Земјите треба да ги советуваат аџиите со претходно постоечки медицински состојби (на пример, со хронични болести како што се дијабетес или хронични белодробни болести, имунодефициенција) дека патувањето може да ја зголеми веројатноста за појава на други болести и здравствени проблеми, вклучувајќи инфекција со MERS-CoV, за време на патувањето; така што, аџиите треба да се консултираат со лекар пред да отпатуваат, за да се направи проценка на ризикот од патувањето.

  • Земјите треба да подготват општи информации за мерки на претпазливост при патувањето пред аџилакот,1 за патниците и туристичките агенции, а кои ќе го намалат ризикот од инфекција за време на патувањето во целина, вклучувајќи болести како што се грип и патничка дијареја (патнички проливи). Посебен акцент треба да се стави на:
    • Хигиената на рацете2и добрите практики при кашлање или кивање (покривање на устата и носот при кашлање или кивање, миење на рацете по контакт со респираторен секрет, дистанцирање на минимум од еден метар од лица со акутни фебрилни симптоми);
    • Да се почитуваат препораките за безбедноста на храната, како што се избегнување на недоволно зготвено месо или храна подготвена во нехигиенски услови, и правилно миење на овошјето и зеленчукот пред јадење;
    • Одржување на лична хигиена;
  • Здравствените советници треба да бидат достапни до сите патниците кои заминуваат на аџилак, преку контакт со туристичкиот сектор и обезбедувајќи печатен материјал на стратешки локации (на пример, туристички агенции и аеродроми). За да се информираат патниците може да се користат различни видови на комуникација како што се здравствени предупредувања на аеродромите и во авионите и бродовите, како и банери, памфлети и радио огласи на местата на пристигнување/влез. Туристичките водичи треба да имаат ажурирани информации во врска со MERS-CoV и водичи како да се избегне болеста за време на патувањето.

  • Тековните водичи на СЗО, или нивните национални еквиваленти, за надзорот,2 превенцијата и мерките за контрола,3 како и клиничкиот третман4 на MERS-CoV треба да бидат дистрибуирани до лекарите и здравствените установи.

  • Државите треба да обезбедат адекватни лабораториски услуги за тестирање на MERS-CoV и оваа информација да биде проследена до лекарите и здравствените установи.

  • Државите треба да ги советуваат патниците да го одложат патувањето доколку имаат сериозна акутна респираторна болест проследена со температура и кашлица.

  • Медицинскиот персонал кој ќе ги придружува аџиите треба да ги знае најновите информации за MERS-CoV, вклучувајќи:
    • Познавање на раните знаци на респираторна инфекцина и пневмонија;
    • Препознавање на пациенти кои спаѓаат во високо-ризична група;
    • Познавање за тоа што треба да се направи при детекција на сомнителен случај;
    • Свесност за едноставните здравствени мерки за намалување на трансмисијата.

2.2. Акции што треба да се преземат за време на аџилакот

  • Патниците кои ќе развијат респираторна инфекција за време на аџилакот, посебно инфекција придружена со треска и кашлица (доволно сериозни да ги пореметат вообичаените секојдневни активности), треба да се советуваат:
    • Да го известат медицинскиот персонал со кој патуваат или локалните здравствени власти;
    • Да ја прекријат устата и носот со шамивче кога кашлаат или киваат и да го фрлат шамивчето, па да ги измијат рацете, или ако ова не е можно, да кашлаат или киваат во ракавите од нивната облека, но не во рацете;
    • Да избегнуваат места каде има многу луѓе и да се изолираат самите додека не поминат респираторните симптоми, а доколку не е можно да се изолираат, да употребуваат шамивче за покривање на носот или устата или пак да носат хируршка маска6.

  • Патниците треба да избегнуваат контакт со камили, да не посетуваат фарми, да не конзумираат непастеризирано млеко од камила, урина или недоволно термичко обработено месо.

2.3. Акции што треба да се преземат по аџилакот

  • Аџиите, по враќањето, треба да се советуваат за тоа дека ако развијат акутна респираторна болест посебно инфекција придружена со треска или кашлање (доволно сериозни да ги пореметат вообичаените секојдневни активности), во текот на две недели по нивното враќање, треба да:
    • побараат медицинска помош и да кажат за патувањето;
    • веднаш да ги известат локалните здравствени установи;
    • да внимаваат при кашлање и кивање (види 2.2.);
    • да го сведат на минимум контактот со други лица за да се спречи понатамошна трансмисија.

  • Лекарите и здравствените установи треба да бидат предупредени за можноста од појава на MERS-CoV инфекција по враќањето на аџиите кои имаат акутна респираторна болест и да се тестираат за оваа болест. Потврдените случаи мора да се пријават до СЗО. Лекарите треба да бидат свесни за можната атипична презентација кај пациенти кои се имунокомпромитирани.

III. Мерки за претпазливост на границите и превозните средства

  • СЗО не препорачува воведување на на никави мерки за рестрикција на патување или трговија или скрининг при влез во земјите.
  • СЗО ги охрабрува земјите да ја подигнат свеста за придржување кон советите за време на патувањето, со цел намалување на ризикот од инфекција со MERS-CoV меѓу аџиите и кај оние кои ги придружуваат во нивното патување, вклучувајќи ги транспорт-операторите и друг персонал, но и да ги охрабрат за самопријавување на болеста доколку се појави кај нив.
  • Во согласност со Меѓунардниот Здравствен Правилник (IHR);
    • земјите треба да обезбедат преземање на неопходните, рутинските мерки за проценка на болни патници кои патуваат со било каков вид на превозни средства (вклучително авиони и бродови) и на влезни точки на граничните премини;
    • процедури и мерки за комуникација за болните помеѓу граничните служби и националните здравствени власти;
    • мерки за безбедно транспортирање на симптоматски патници до болниците или назначени објекти за клиничка проценка и третман.
  • Доколку има болен патник во авионот треба се пополни формулар за локација на патникот7. Овој формулар е корисен за добивање/прибирање на контакт-информации за патниците, кои може да се употребат за следење доколку е тоа потребно.
Неавторизиран превод
INTERNATIONAL TRAVEL AND HEALTH
World – travel advice on MERS-CoV for pilgrimages
World Health Organization travel advice on MERS-CoV for pilgrimages
3 June 2014