СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 26.10-01.11.2020

Тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 23,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.690; 46,4%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000 (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 26.10 - 01.11.2020, Р.С. Македонија

11

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=1283, 22,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=1169; 20.2%), 40-49 (n=1089; 18,8%), 50-59 (n=1056; 18,2%) и 20-29 (n=866; 14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,6%) и 10-19 години (n=243; 4,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол.

Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5%.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и  по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 01.11.2020, пријавени се вкупно 32.997 случаи на COVID-19 (I=1.594,7/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Штип и Прилеп, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово, Штип и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи, највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

2

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 3.280,6 на 100.000 жители, Свети Николе (2.408,3/100.000) и Скопје (2.310,7/100.000), додека инциденца со над 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп, Струга, Струмица, Кочани, Охрид, Велес, Кичево, Кавадарци, Дебар, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Берово, Делчево , Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево. (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

3

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 16.903 машки и 16.094 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 1.630,7/100.000, додека кај женските 1.558,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 43,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 6.850 (20,8%) со инциденца од 1.787,2/100.000, а највисока специфична инциденца од 2.127,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (5.916 заболен). Најниска инциденца од 415,5 и 651,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 951 и 1.630 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=32.997)

4

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1107) е регистриран на 30.10.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Минатата недела е регистриран најголем број на заболени на неделно ниво (n=5.800) (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=32.997)

5

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=26.791; 81,2%), 15,9% (n=4.264) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар, УК за гинекологија и акушерство, Клиника Аџибадем Систина и Жан Митрев Клиника), моментално се хоспитализирани 686 лицa, а од нив 234 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,1%), малаксаност (41,8%), кашлица (39,2%), главоболка (18,3%), болка во грло (15,8%), треска (12,8%), мускулна болка (12,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,7%) и отежнато дишење (10,0%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=26.791; 81,2%), кај 6.548 или 24,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=26.791; 81,2%), пријавени се 206 (0,8%) случаи кај бремени жени, од кои 49 биле хоспитализирани во текот на болеста.  Од нив, 75 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=26.761; 81,2%), регистрирани се 1.379 (5,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=26.761; 81,2%), кај 7.476 (27,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 5.247 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.929 дијабет, 1.048 се со хронична белодробна болест и 1.486 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 2.473 (58,0%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 1.025 смртни случаи (Лт = 3,1%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 01.11.2020 година (n=21), а според недела на пријавување во тек на 43-тата недела (n=91) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=767) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 200,1/100.000 жители. Регистрирани се 639 смртни случаи кај лица од машки и 386 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 765 (78,5%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=576), дијабет (n=278) и белодробна болест (n=137). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и десет смртни случаи кај здравствени работници. Шеесет и три (6,1%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 953 (93,0%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=1.025)

6

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=26.791; 81,2%), 631 (2,3%) се импортирани, од нив 9 се детектирани на точка на влез. Вкупно 10.667 лица (40%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02-01.11.2020 тестирани се вкупно 253.173 материјали (детектирани 32.997  позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 122.355 тестови на 1.000.000 жители.

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
Сите лаборатории 253173 32997 4982 24 248191 32973
ИЈЗ – Вирусологија 98301 15077 3226 22 95075 15055
ЦЈЗ Скопје 5421 1295 0 0 5421 1295
Авицена 31604 3780 0 0 31604 3780
Биотек 25310 1940 0 0 25310 1940
Жан Митрев Клиника 31908 2829 0 0 31908 2829
Систина 24993 1971 0 0 24993 1971
Лаор 3850 359 0 0 3850 359
МАНУ 18116 3701 1756 2 16360 3699
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 1022 51 0 0 1022 51
ЦЈЗ Битола 6934 1210 0 0 6934 1210
КИБФС 1200 201 0 0 1200 201
ГАК 1370 49 0 0 1370 49
Синлаб 2257 385 0 0 2257 385
Ремедика 25 4 0 0 25 4
ИБЗД Козле 99 56 0 0 99 56

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=253.173)*

*8 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 10.728 лица (32,5%) се активни случаи, 21.244 случаи (64,4%) се водат како оздравени (1.379 од нив се здравствени работници и 206 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.768 (14,3%) биле хоспитализирани додека останатите 18.476/ (87%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=32.997)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 5042 8877 353 14272
Куманово 466 1810 89 2365
Тетово 636 1586 110 2332
Штип 306 1390 32 1728
Прилеп 565 813 63 1441
Гостивар 259 950 63 1272
Струмица 568 417 25 1010
Велес 438 374 31 843
Струга 110 652 75 837
Кочани 223 511 16 750
Битола 299 418 23 740
Охрид 258 453 25 736
Кичево 191 388 17 596
Кавадарци 240 302 6 548
Свети Николе 91 397 6 494
Дебар 54 274 18 346
Гевгелија 155 165 6 326
Ресен 69 175 10 254
Крива Паланка 101 141 11 253
Радовиш 90 151 10 251
Берово 56 161 3 220
Пробиштип 72 137 3 212
Делчево 79 110 9 198
Виница 73 112 5 190
Неготино 88 62 3 153
Валандово 40 71 111
Македонски Брод 10 91 5 106
Демир Хисар 18 65 2 85
Богданци 39 28 2 69
Македонска Каменица 30 35 1 66
Кратово 32 29 1 62
Пехчево 8 52 60
Крушево 11 19 2 32
Дојран 6 15 21
Демир Капија 5 13 18
ВКУПНО 10.728 21.244 1.025 32.997

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=32.997)

 7

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 27.10.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 43.341.451 (2.884.604 во последни 7 дена)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.157.509 (39.712 во последни 7 дена)

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 19.737.794 (884.318 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 625.973 (16.918 во последни 7 дена, 21% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 9.664.042 (335.914 во последни 7 дена, 25% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 270.972 (733 во последни 7 дена, 29% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 8.969.707 (445.886 во последни 7 дена, 11% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 140.827 (5.756 во последни 7 дена, 11% помалку во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 955.552 (159.166 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 133 (4.035 во последни 7 дена, 10% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.315 (32.123 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 277 (832 во последни 7 дена, 8% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 300 (27.197 во последни 7 дена, 8% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 314 (438 во последни 7 дена, 27% помалку во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 02.11.2020

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје