СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 05.10-11.10.2020

Тестирани се вкупно 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 32.5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 86.5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000 (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 28.09-04.10.2020, Р.С. Македонија

мапа неделна

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=456, 20,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=440; 19,6%), 20-29 (n=414; 18,5%), над 60 (n=405; 18,1%) и 50-59 (n=343; 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4%) и 10-19 години (n=132; 5,9%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1090 (48,6%) лица од женски и 1153 (51,4%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај  319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а  4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.

 

 


КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 11.10.2020, пријавени се вкупно 21.192 случаи на COVID-19 (I=1.024,2/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар и Штип. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

tabela

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 2.597,0 на 100.000 жители, додека инциденца со над 1.000 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Куманово, Струга, Кочани, Свети Николе, Дебар, Берово и Ресен (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа кумулативна

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 10.821 машки и 10.371 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 1.044,0/100.000, додека кај женските 1.004,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,1 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 4.548 (21,5%) со инциденца од 1.186,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 1.379,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (3.836 заболен). Најниска инциденца од 309,3 и 442,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 708 и 1108 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=21.192)

graf 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=391) е регистриран на 09.10.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=21.192)

graf2

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Минатата недела е регистриран најголем број на заболени на неделно ниво (n=2.243) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=21.192)

graf 3

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=20.202; 95,3%), 18,2% (n=3.735) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес, УК за гинекологија и акушерство, Клиника на Аџибадем Систина и Zhan Mitrev Clinic), моментално се хоспитализирани 388 лице, а од нив 122 се на кислородна поддршка и 7 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,5%), малаксаност (43,2%), кашлица (39,0%), главоболка (16,4%), болка во грло (15,7%), ослабен осет за мирис и/или вкус (12,0%), треска (12,0%) и отежнато дишење (10,6%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=20.202; 95,3%), кај 5.064 или 25,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=20,202; 95,3%), пријавени се 166 (0,8%) случаи кај бремени жени, од кои 42 била хоспитализирана во текот на болеста.  Од нив, 68 се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=20,202; 95,3%), кај 5.922 (29,3%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 4.127 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.570 дијабет, 836 се со хронична белодробна болест и 1.231 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 2.205 (59,2%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=20.202; 95,3%), регистрирани се 1072 (5,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 800 смртни случаи (Лт = 3,8%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=589) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 153,7/100.000 жители. Регистрирани се 499 смртни случаи кај лица од машки и 301 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 605 (81,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=487), дијабет (n=227) и белодробна болест (n=114). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и седум смртни случаи кај здравствени работници. Педесет и еден (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 749 (93,6%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=800)

graf 4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=20.202; 95,3%), 514 (2,5%) се импортирани, од нив 8 се детектирани на точка на влез. Вкупно 8.241 лица (40,8%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02-11.10.2020 тестирани се вкупно 209.349 материјали (детектирано 21.192  позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 101.175 тестови на 1.000.000 жители.

 

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=209.349)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
Сите лаборатории 209.349 21.192 4.982 24 204.367 21.168
ИЈЗ – Вирусологија 84.996 10.940 3.226 22 81.770 10.918
ЦЈЗ Скопје 3.667 584 0 0 3.667 584
Авицена 23.139 1.834 0 0 23.139 1.834
Биотек 20.976 1.146 0 0 20.976 1.146
Жан Митрев Клиника 27.222 1.911 0 0 27.222 1.911
Систина 21.553 1.216 0 0 21.553 1.216
Лаор 2.589 138 0 0 2.589 138
МАНУ 14.726 2.377 1.756 2 12.970 2.375
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 795 17 0 0 795 17
ЦЈЗ Битола 5467 682 0 0 5.467 682
КИБФС 1.071 137 0 0 1.071 137
ГАК 1.237 42 0 0 1.237 42
Синлаб 1.148 79 0 0 1.148 79

*8 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 3.995 лица (18,9%) се активни случаи, 16.397 случаи (77,4%) се водат како оздравени (939 од нив се здравствени работници и 144 бремена жена), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 3, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 2.559 (68,5%) биле хоспитализирани додека останатите 13.838 (84,4%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=21.192)

graf 5

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=21.192)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1801 6542 282 8625
Куманово 172 1639 75 1886
Тетово 221 1291 94 1606
Штип 123 1217 28 1368
Гостивар 84 850 57 991
Прилеп 163 609 42 814
Струга 61 593 66 720
Кочани 213 282 11 506
Охрид 48 395 21 464
Струмица 260 161 16 437
Свети Николе 58 342 3 403
Битола 102 274 13 389
Велес 63 306 16 385
Кичево 32 308 17 357
Дебар 36 243 15 294
Кавадарци 60 218 3 281
Ресен 9 156 5 170
Гевгелија 72 88 1 161
Делчево 90 60 7 157
Крива Паланка 49 101 5 155
Берово 54 97 2 153
Радовиш 58 77 6 141
Виница 45 89 4 138
Пробиштип 20 109 129
Македонски Брод 2 88 5 95
Валандово 41 24 65
Демир Хисар 1 59 2 62
Неготино 17 36 2 55
Пехчево 5 43 48
Македонска Каменица 11 25 36
Богданци 16 13 29
Кратово 3 24 27
Крушево 18 2 20
Демир Капија 1 12 13
Дојран 4 8 12
Grand Total 3995 16397 800 21192

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Струмица и Тетово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Гевгелија, Берово, Кочани, Штип, Свети Николе и Крива Паланка се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

На Табела 4 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 4. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Струмица и Кочани (n=2.283)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.801 Струмица 260
Аеродром 338 Струмица 221
Центар 328 Босилово 19
Карпош 317 Василево 14
Кисела Вода 209 Ново Село 6
Гази Баба 171 Тетово 222
Ѓорче Петров 154 Тетово 178
Чаир 89 Теарце 14
Бутел 70 Боговиње 12
Илинден 31 Јегуновце 7
нераспределени 19 Брвеница 6
Сарај 16 Желино 5
странец 14
Шуто Оризари 13
Сопиште 12
Петровец 6
Арачиново 4
Чучер Сандево 4
Зелениково 3
Студеничани 3

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

 

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 11.10.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 37.109.851

Број на смртни случаи на глобално ниво1.070.355

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 17.794.771
    • Смртни случаи – 588.867
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 7.911.036
    • Смртни случаи – 126.917
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 6.918.265
    • Смртни случаи – 24709
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 605.478
    • Смртни случаи – 66.329

 

  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.2719
    • Смртни случаи – 27.255
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 651.841
    • Смртни случаи – 14.265

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 13.10.2020

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје