ВОВЕД

Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на случаи со пневмонија од непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.

Вообичаените симптоми и знаци на инфекција се температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 23.03.2020

На 23.03.2020 година, пријавени се вкупно 12 нови случаи на COVID-19 од 2 градови – Скопје (n=7) и Куманово (n=5).

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 30-39 години (n=4), а во однос на дистрибуцијата по пол, 7 машки и 5 се женски.

Хоспитализирани се четири лица, а останатите се на домашно лекување (асимптоматски или со лесна клиничка слика).

Кај четири лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 6 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

На 23.03.2020 година, тестирани се вкупно 232 материјали во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ (n=132) и во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (n=100). Позитивни се 12 или 5,2% од тестираните, од нив 9 се потврдени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, додека 3 се потврдени во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 23.03.2020, пријавени се вкупно 148 случаи на COVID-19 (I=7,2/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 7 градови: Скопје (n=88), Дебар (n=40), Куманово (n=8), Штип (n=7), Кавадарци (n=2), Охрид (n=2) и Гостивар (n=1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 144.1 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 14,2 на 100.00 жители додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 13,3 (Картограм 1).

Картограм 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 по градови, (n=148)

мапа 23.03 ковид

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 73 лица од машки пол и 75 лица од женски пол или сооднос машки – женски 1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 7,0/100.000 жители, додека кај женските изнесува 7,3/100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 43,8 години). Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години – 35 (23,6%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца од 11,0/100.000 жители (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=148)

korona 24 3 sl 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=29) е регистриран на 21.03.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=148)

koronaq 24 sl 2

Од пријавените случаи, 32 или 21,6% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 116 случаи се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (68,6%), температура (62,9%), слабост (28,6%), болка во грло (25,7%), главоболка (24,8%) и треска (21,9%), а 43 лица се без изразени симптоми. Едно лице од хоспитализираните е поставено на механичка вентилација поради влошување на состојбата.

Во однос на коморбидитети, кај 31 лице се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 21 лице имаат кардиоваскуларна болест, 6 лица се со хронична белодробна болест, 4 со хронична бубрежна болест, 3 со дијабет и 4 со други хронични болести.

Регистрирани се 12 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 145 лица се активни случаи, еден случај е испишан од болница со излечена болест а регистрирани се 2 смртни случаи.

Од вкупниот број на случаи, 26 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје).

Од 15.02.2020 до 23.03.2020 тестирани се вкупно 1236 материјали (148 позитивни), од кои 776 во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ и 460 во приватната лабораторија Жан Митрев Клиник (Графикон 3).

Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за КОВИД-19 заклучно со 23.03.2020 во Р.С. Македонија (n=1236)

korona 24 sl 3

Од позитивните случаи, регистрирани се 793 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена. Од регистрираните, 122 случаи се со локална трансмисија.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 23.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво332.930  (40.788 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво14.510 (1.727 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 189

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 424 (20.131 нови)
    • Смртни случаи – 743 (1.318 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 637 (850 нови)
    • Смртни случаи – 3.473 (35 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 1.776 (519 нови)
    • Смртни случаи – 58 (13 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 25.375 (1.706 нови)
    • Смртни случаи – 1.741 (145 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 016 (17.331 нови)
    • Смртни случаи – 465 (213 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 990 (251 нови)
    • Смртни случаи – 23 (3 нови)

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 список на земји

 

 

 

Скопје, 24.03.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје