СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 11-17.01.2021

Тестирани се вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистриран e 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 11 до 19%, просечно 16%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен (Табела 1, Картограм 1).

 

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 11-17.01.2021, Р.С. Македонија

мапа 11-17.01.2021

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=631, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=446; 18,6%), 30-39 (n=422; 17,6%), 50-59  (n=403; 16,8%) и 20-29 (n=352; 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=31; 1,3%) и 10-19 години (n=112; 4,7%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.194 (49,8%) лица од женски и 1.203 (50,2%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 17.01.2021, пријавени се вкупно 88.992 случаи на COVID-19 (I=4.300,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип и Битола додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Охрид и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 17.01.2021

tabbb1

Во најголем дел од државата се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Кратово се забележува минимално зголемување, додека позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Дебар, Берово, Делчево, Виница, Крушево и Пехчево (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.521,4 на 100.000 жители, Скопје (6.251,2/100.000), Кавадарци (5.551,4/100.000) и Свети Николе (5.172,6/100.000), а инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира само во Крушево (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

mapa do 17.01.2021

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 45.386 машки и 43.606 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.378,7/100.000, а кај женските 4.222,7/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 20.816 (23,4%) со инциденца од 5.430,9/100.000, а највисока специфична инциденца од 5.871,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (16.327 заболени). Најниска инциденца од 772,9 и 1.511,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.769 и 3.782 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=88.992)

graf1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). После шест недели континуиран пад на бројот на регистрирани случаи, трендот се стабилизира во последните две недели.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 17.01.2021 (n=88.992)

graf2

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 11,0% (n=8.029) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите 64.840 (89,0%) биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Оториноларингологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 704 лица (12,1% помалку во споредба со минатата недела), а од нив 282          (8,9%) се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 2.715 смртни случаи (Лт = 3,1%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=217) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.135) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 557,0/100.000 жители. Регистрирани се 1.718 смртни случаи кај лица од машки и 997 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.003 (82,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.568), дијабет (n=706) и белодробна болест (n=315). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 22 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 166 (6,1%) починале во вонболнички услови, а 2.549 (93,9%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, до 17.01.2021 (n=2.715)

graf33

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020-17.01.2021 тестирани се вкупно 432.241 материјали (детектирани 88.992 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 208.896 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=432.241)*

tab2

*9 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 12.500 лица (14,0%) се активни случаи, 73.777 случаи (82,9%) се водат како оздравени (од нив 3.263 се здравствени работници и 395 бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 4.400 (6,0%) биле хоспитализирани додека останатите 69.377 (94,0%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (88.992)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 7304 30463 843 38610
Куманово 455 4377 186 5018
Тетово 468 4299 190 4957
Прилеп 302 3941 225 4468
Гостивар 332 3044 157 3533
Штип 172 3182 81 3435
Битола 254 2766 147 3167
Велес 335 2521 100 2956
Охрид 355 2190 107 2652
Струмица 385 1985 102 2472
Кавадарци 395 1947 47 2389
Струга 165 1835 141 2141
Кочани 138 1522 37 1697
Кичево 152 1455 55 1662
Свети Николе 53 994 14 1061
Гевгелија 130 802 21 953
Неготино 173 751 18 942
Дебар 118 564 32 714
Ресен 112 578 18 708
Крива Паланка 88 581 32 701
Радовиш 74 567 32 673
Берово 57 489 18 564
Делчево 148 357 25 530
Пробиштип 30 434 12 476
Виница 44 422 10 476
Валандово 29 290 6 325
Демир Хисар 13 222 6 241
Македонски Брод 15 213 9 237
Богданци 38 170 6 214
Кратово 16 184 9 209
Крушево 34 138 18 190
Македонска Каменица 46 138 4 188
Демир Капија 36 139 2 177
Пехчево 26 146 3 175
Дојран 8 71 2 81
ВКУПНО 12.500 73.777 2.715 88.992

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 10.01.2021 (n=88.992)

 graf5

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 12.01.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво387.352 (4.953.758 во последни 7 дена, 20% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 1.919.204 (85.436 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 38.668 (2.522.297 во последни 7 дена, 30% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 910.741 (38.183 во последни 7 дена, 18% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 28.797.583 (1.806.928 во последни 7 дена, 10% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 626.804 (36.041 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 12.257.684 (206.670 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 786 (3.293 во последни 7 дена, 12% помалку во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 5.149.132 (171.280 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 124.836 (2.775 во последни 7 дена, 9% помалку во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.135.878 (171.280 во последни 7 дена, 11% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 47.905 (4.313 во последни 7 дена, 31% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.184.662 (71.939 во последни 7 дена, 36% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 21.119 (831 во последни 7 дена, 14% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 19.01.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19